www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 55
Цена: €94.34
Aloe Body Toning Kit
Комплет “Грижа за телото” со Алое
Чувствувајте се и изгледајте убаво со Комплетот “Грижа за телото” со Алое. Тој е создаден специјално за да го тонизира и затегне вашето тело. Помага да се ослободите од поткожните нерамнини кои се појавуваат како разултат на целулитот во пределот на половината и колковите, при што го измазнува и намалува обемот на масните клетки за да изгледате постегнати.
Секој Комплет “Грижа за телото” со Алое вклучува Тоник за тело со Алое - Aloe Body Toner - за употреба со проѕирната фолија, Кондиционер крем за тело со Алое-Aloe Body Conditioning Creme-за локална употреба без фолија, Гел за капење и туширање со Алое Вера - за опуштање кој ­ ја смирува кожата, тенка проѕирна фолија како и природна луфа за стимулирање на кожата за време на капењето. Подетални информации за Aloe Body Toner и Aloe Body Conditioning Creme ќе откриете на следните страници, а за Aloe Bath Gelee - во делот за Лична хигиена.
Се горееме со овај прекрасен производ. Тој му дава на телото сe што му е потребно. Изберете го ФЛП и бидете самоуверени со еден преобразен надворешен изглед!
 
КОРИСТЕЊЕ НА КОМПЛЕТОТ “ГРИЖА ЗА ТЕЛОТО” СО АЛОЕ
Комлетот “Грижа за телото” дава прекрасни резултати кога правилно се користи. Во секој комплет ќе најдете целосно упатство за неговата употреба, но инструкции за користиње може да добиете на презентациите, организирани од компанијата. Во секој случај, ЧУВАЈТЕ ЈА ФОЛИЈАТА ДАЛЕКУ ОД ДЕЦА. ПОКРИВАЊЕ НА ЛИЦЕТО ИЛИ ПРОГОЛТУВАЊЕ НА ПАРЧЕ ОД ФОЛИЈАТА МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА ЗАДУШУВАЊЕ.
 
Предели кои што можат да се обвиткаат со фолија:
Горниот дел од рацете, колковите, долниот дел од торзото (под нивото на градната коска).
Предели, кои што не треба да се обвиткуваат со фолија:
Долниот дел од рацете, горниот дел од торзото (од рамената до градите). Освен тоа, не користете ја фолијата за време на менструалниот циклус или за време на бременост, после оперативен зафат, ако имате проблем со срцето, кај флебит или други проблеми со циркулацијата. Секогаш консултирајте се со лекар пред да започнете да ја користите фолијата.
 
ЧИСТЕЊЕ НА КОЖАТА
Направете целосно чистење на кожата. Одлично средство за таа цел е нашиот Aloe Activator (не е вклучен во комплетот), којшто нежно го отстранува сапунот и другите остатоци од материи и остава нежен слој од Алое Вера врз кожата, пред да го нанесете Тоникот за тело со Алое-Aloe Body Toner и Кондиционер кремот за тело со Алое – Aloe Conditioning Creme.
 
МЕРЕЊЕ
За да ја проследите ефикасноста на програмата “Грижа за телото”, измерете се пред употреба и после тонизирачкиот процес. Првото мерење има потреба од пенкало и метро. Обележете по три места врз горниот дел од раката, половината и колковите и измерете ги. Соберете ги сантиметрите од сите предели и ќе ги добиете вкупните сантиметри кои ќе ги споредувате.
 
НАНЕСУВАЊЕ НА ALOE BODY TONER
(Пред да нанесете врз целото тело, секогаш правете тест врз мал дел од кожата за во случај да се појави алергиска реакција.)
Загревачкиот и стимулирачки ефект на Кремот за тонизирање врз кожата е правопропорционален со количина која ја нанесувате: колку повеќе нанесувате, толку посилно е загревањето. Нанесете рамномерно врз пределите кои сакате да ги тонизирате. Внимавајте да не нанесете Aloe Body Toner врз надразнета кожа или после депилација. Не го користите веднаш после капење. Не го користите врз градите, лицето, гениталиите. Избегнувајте контакт со очите. Измијте со топла вода ако капне на несакани места.
Измијте ги рацете непосредно по нанесувањето на препаратот, убаво затворете го капачето и чувајте го настрана од дофат на деца.
 
ОБВИТКУВАЊЕ СО ФОЛИЈА
Оваа етапа звиси од вас. Обвиткајте ја кожата со фолијата не многу стегнато, секогаш со движење нагоре кон срцето. (За нозете: од внатре, напред и надвор, а рацете: од надвор, напред и кон внатре.) Откако еднаш сте го обвиткале саканиот предел, минете и по втор пат, но овај пат постегнато при што ја оптегнувате и мотате фолијата. Ако стегнете премногу или почувствувате трпнење, користете ножици со тапи врвови и пресечете ја фолијата.
Останете со фолијата во времетраење од еден час во положба на релаксација со подигнати нозе кон горе. Не напрегнувајте ги мускулите и не заспивајте. Потрудете се да гледате телевизија или да читате книга, за да се опуштите. По еден час пресечете ја фолијата и фрлете ја. Сега измерете на истите места како претходно и одземете го бројот од претходниот број. Разликата претставува вкупната загуба на сантиметрите.
Ако има останато од Тонерот врз кожата, масирајте и оставете да навлезе во кожата во времетраење на неколку часа. НЕ КАПЕТЕ СЕ И НЕ ТУШИРАЈТЕ СЕ пред да поминат четири часа од процедурата, за да избегнете навлегување на вода во широко отворените пори.
 
НАНЕСУВАЊЕ НА ALOE BODY CONDITIONING CREME
(Пред да го нанесете кремот секогаш проверете на мал дел од кожата да не се појави алергиска реакција).
Овој богат крем се нанесува директно врз кожата на предели кои не биле обвиткани со фолија за време на процедурата, при што може да се употреби и на сите предели како крем за одржување во случаи кога не се користи фолијата. Aloe Body Conditioning Creme ја стимулира циркулацијата која ги ослободува течностите и масните ткива. Не нанесувајте врз надразнета кожа или пресно издепилирани места на кожа или непосредно после капење. Не премачкувајте ги градите, лицето, гениталиите. Избегнувајте допир со очи. Во сите случаи кога е потребно да ја отстраните кремата измијте со топла вода и исплакнете.
Измијете ги рацете после непосредна употреба, затворете го добро капачето и држете го настрана од дофат на деца.
 
ОПШТИ ЗАБЕЛЕШКИ
Фолијата се нанесува во зависност од потребите. Можете да ја стегнете или да ја попуштите. Ефектот ќе биде помалку изразен кај луѓе кои подолго време имаат вишок килограми, бидејќи кај нив масните наслаги се стврднале и веќе подолго време се наоѓаат под кожата. Ќе биде неопходно да правите редовни физички вежби и да држите соодветна диета ако посакувате подолготрајни резултати. Луѓето со стегнати мускули исто така ќе имаат послаб ефект од користењето на фолијата.
Најдобар резултат од процедурата ќе имаат луѓето кои имаат натрупано вишок килограми за кратко време, како и тие што имаат опуштени мускули. Во текот на првата седмица процедурата со фолијата може да се употребува 2-3 пати, а веќе следната седмица ќе се употребува поретко според потребите.
Нормално е да чувствувате жед откако ќе ја завршите процедурата, затоа што организмот има изгубено вода. Препорачуваме да конзумирате повеќе вода, за да ја потпомогнете размената на материи и да го забрзате елиминирањето на водата и маснотиите.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org