www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА

КОИ СМЕ НИЕ?

Пред да ја оформи компанијата Форевер Ливинг Продактс, Рекс Моган е многу успешен бизнисмен кој исто така цело тоа време бил во потрага на нешто ново. Неговото внимание е привлечено од мрежниот маркетинг. Тоа што него му го привлекло вниманието е дека оваа споредна млада индустрија нуди можност за финансиска слобода.

Независноста и слободата се клуч кон создавањето на маркетинг планот кој носи доход, кој без сомнение ќе привлече луѓе кои се стремат кон слободен избор. Тогаш Рекс одново ги пронаоѓа корисните својства на растението алое вера кои се познати многу одамна и го согледува неговиот потенцијал за да го подобри начинот на живеење на луѓето ширум целиот свет.

На 13 мај 1978 год. се спроведува првата бизнис средба, кога веќе се создадени производите и маркетинг планот. Денес, по повеќе од триесетина години, Форевер работи во повеќе од 158 држави и продажбите ја надминуваат сумата од 2,8 милијарди долари. Ние сме најголемите производители, преработувачи и дистрибутери на алое вера во светот. Нашите плантажи во САД и Карибите се на површина од над 2500 хектари. Тоа не прави и ни обезбедува да бидеме непресушен извор на најчисто алое за нашите соработници и не прави да бидеме најсериозниот доставувач на алое во светот.

Освен додатоците во исхраната и козметичките производи на основа на алое, ние ја проширивме својата гама, за да ги вклучиме и корисните квалитети на производите од пчела.

Сонот на Рекс да ви ги понуди најчистите производи и најлесниот бизнис план се остварува на еден доста впечатлив начин. Само замислете си: Форевер ја зголемува продажбата секои три години во периодот на последните десет години. И понатаму продолжува да расте нашата продажба, но тоа не е само едноставен голем бизнис, всушност тоа се илјадници успешни, независни, семејни иницијативи.

 
НАШАТА МИСИJА
„Ние ќе создадеме исплатлива околина каде поединци можат достоинствено да бидат тоа што сакаат; каде интегритетот, емпатијата и забавата се наши водилки. Ние ќе создадеме и ќе одржиме страст и верба во нашата компанија, нашите производи и нашата индустрија. Ние ќе покажеме знаење и баланс, и над сe, ќе бидеме одважни во водството на компанијата и сопствениците на Форевер бизнис.“

Форевер Ливинг Продактс ја започнува својата работа во Бугарија во Октомври 2001 год. под раководство на Стефан Стаев. Основна цел на компанијата е да обезбеди присутност и достапност на производите на многубројни сегашни и идни сопственици на Форевер бизнис од целата држава, рекламен материјал, средби, обука и секаква друга форма на поддршка.

Сега и вас ве поканувам да се приклучите кон нашето семејство на сопственици на Форевер бизнис, кое постојано се зголемува и се стреми за финансиска слобода со Форевер Ливинг Продактс. 


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org