Има денови кога не јадеме доволно овошје и зеленчук. Вo бурното секојдневие често посегнуваме кон преработена храна, но тоа може да предизвика дефицити во нашата исхрана. Дури и кога животот не ви дозволува да имате правилна исхрана, можете да му дадете на телото растителна супер храна во секое време и насекаде со Forever Supergreens.
Секоја ќесичка содржи хранлива порција од идеална мешавина од алое и повеќе од 20 овошја и зеленчуци. Комплетната супер храна има одличен вкус и лесно се раствора во вода или вашиот омилен напиток.
Forever Supergreens обезбедува клучни хранливи материи и антиоксиданти за поддршка на природната одбрана на организмот и одржување на оптимална форма. Зелената храна како спанаќ, кељ и брокула го подобруваат дејството, бидејќи помагаат да се одржи здрава алкално-киселинска рамнотежа која е важна за многу телесни функции.
Внимателно избраните состојки ја поддржуваат природната одбрана на организмот во тешки моменти и помагаат да биде во оптимална форма. Forever Supergreens е ефикасна комбинација од извори на природни хранливи материи како полифеноли и антиоксиданти од гоџи бери (лициум), семки од грозје, зелен чај, зелено лиснат зеленчук, спирулина и нашето сопствено алое, поддржани од природните корисни својства на витамините С и Е и магнезиум.
Forever Supergreens е нешто повеќе од брз и удобен начин за пополнување на нутритивните дефицити. Одличен е и за вашата спортска торба, бидејќи ја поддржува издржливоста за време на тренингот, како и закрепнувањето после него.
Надополнете го активниот начин на живот со најдобрите природни извори на зелената моќ. Пријатниот мек вкус на шумски плодови идеално се комбинира со шејковите Forever Lite Ultra или вашиот омилен напиток. Ако имате потреба од растителна храна кога сте во движење или сакате да дадете поттик на вашиот тренинг со совршена комбинација од природна супер храна, вашиот најдобар избор е Forever Supergreens!
Листови од спанаќ во прав (34%), овошен аромат [згуснувач (малтодекстрин, гума акација), аромат (малина и јагода), регулатор на киселост (лимонска киселина), средство против згрутчување (силициум диоксид)], магнезиум (магнезиум карбонат), брокула во прав (7%), стебленца од јачмен, спирулина, ексклузивна комбинација од овошје и зеленчук, витамин С (аскорбинска киселина), листови од кељ во прав (2%), семки од грозје во прав, листови од зелен чај во прав, гоџи бери екстракт (2%), засладувач (стевиол гликозиди), витамин Е [(d-алфа-токоферил-ацетат), средство против згрутчување (силициум диоксид)], алое вера листови во прав.
Содржината на една ќесичка се раствора во 240 ml вода или друг напиток, добро се промешува.