www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 605
118 мл
Цена: 1740 ден.
Sonya™ refreshing gel cleanser
Освежувачки гел за чистење

Од моментот кога гелот ќе го допре вашето лице ќе забележите дека тој не се пени обилно и не ja затегнува непријатно вашата кожа. Нашето алое вера збогатено со состојки од цел свет, ви го обезбедува најсовремениот и најдобар начин за нежно и смирувачко чистење на лицето и наутро и навечер.

Јаболковите аминокиселини и хидроксиацетофенонот ја збогатуваат меката пена на освежувачкиот гел за чистење, за да ја поддржат комбинираната кожа. Eкстрактот од плодовите на acacia concinna помага за отстранување на мртвите клетки натрупани на површината, нечистотијата и шминката за темелно и нежно чистење.

Освежувачкиот гел за чистење не користи само состојки за измивање, туку и навлажнувачки како ладно пресувано масло од баобаб од Сенегал. Познат како „дрво на животот“ кај локалното население, баобабот живее над 500 години. Моќта и долговечноста на баобабот го претвораат во идеален екстракт за нашата формула.

Заборавете за традиционалните средства за измивање. Освежувачкиот гел за чистење „Соња“ користи современа гел технологија која ќе ви помогне да ги чувствувате лицето и вратот мазни и чисти по секое миење. Употребувајте го како дел од системот за секојдневна нега на кожата „Соња“ за оптимални резултати.

ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Чистете го лицето и вратот два пати дневно – наутро и навечер. Нанесете обилна количина на влажни прсти и истријте во кожата. Темелно исплакнете.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Истовремено чисти и негува.
  • Алоето смирува и не ја лишува кожата од ништо вредно.
  • Нежна пена за комбинирана кожа.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org