www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 352
355 мл
Цена: €21.00
Sonya® Volume Conditioner
Балсам за волумен „Соња”
ОПИС И СВОЈСТВА
Балсамот за волумен „Соња” е идеален сопатник на шампонот за волумен од истата серија. Нашата ексклузивна формула го зголемува волуменот и цврстината на косата, ја подига и истовремено и дава мекост, сјај и ја прави лесна за расчешлување.
Додадовме алое вера и матичен млеч за потхранување на кожата на главата, за балансирање на нејзиното pH и за потпомагање на процесот на ревитализација на оштетената коса. Ќе ви се допадне колку природна и густа ќе изгледа вашата коса, како и пријатниот мирис на балсамот. Дополнителни потхранувачки состојки на балсамот за волумен „Соња”:
  • пантенол – овој дериват на витаминот В5 го овлажнува скалпот, го намалува цветањето на косата, и дава сјај;
  • масло од семе на макадамија (Macadamia Integrifolia) –дава сјај;
  • масло од семе на јојоба (Simmondsia Chinensis) – ја прави косата отпорна на заплеткување, исушување и цветање.
 
СОСТАВ
Сок од листот на Алое Барбаденсис (стабилизиран гел од алое вера), вода, цетил алкохол, масло од семе на макадамија (Macadamia Integrifolia), масло од сончоглед (Helianthus Annuus), пропанедиол, бис-хидрокси/метокси амодиметикон, диметикон, бехентримониев хлорид, бехентримониев метосулфат, матичен млеч во прав, масло од семе на јојоба (Simmondsia Chinensis), хидролизиран пченичен протеин, гуар хидроксипропилтримониев хлорид, пантенол, бутилен гликол, глицерил стеарат, феноксиетанол, метилизотиазолинон, мирис.
 
УПОТРЕБА
По миење со шампонот за волумен „Соња”, втријте го балсамот во косата и оставете да делува 2-3 минути. Исплакнете темелно. За оптимални резултати користете го наизменично со хидрантниот шампон и балсам „Соња”. Избегнувајте контакт со очите. Во случај на контакт со очите, темелно исплакнете со вода.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Не влијае на бојата кај бојадисана коса.
  • Полесно расчешлување и стилизирање.
  • Дава волумен и сјај.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org