www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 665
64 таблети за џвакање
Цена: 1730 ден.
Forever Sensatiable
ОПИС И СВОЈСТВА
Избегнувајте ги искушенијата со помош на Forever Sensatiable –таблети за џвакање кои можете да ги земате во движење наместо да посегнувате по калорична слатка храна. Вкусот на лимон е природно засладен со мед во прав и потсетува на колаче со крем од лимон.

Forever Sensatiable придонесува за чувство на ситост благодарение на овесот и клинички проучениот протеински хидролизат од квасец. Овесот содржи бета-глукан, природен извор на растворливи влакна, кој го забавува минувањето на храната низ дигестивниот систем и така помага за постабилен шеќер во крвта и ги поддржува здравите нивоа на холестеролот. Хидролизатот од квасец се извлекува од протеинска хидролиза на еден вид квасец кој се користи илјадници години во производството на печива, ферментирана храна и пијалаци. Според студиите, тој влијае на два од хормоните кои го регулираат апетитот и може да помогне за намалување на внесот на калории.

Forever Sensatiable содржи и глукоманан, извлечен од коренот на растението змиска палма. Овие диетални влакна апсорбираат вода во стомакот, за да придонесат за чувство на ситост.

Дополнително, средноверижните триглицериди може да го зголемат ослободувањето на хормоните за апетит, кои исто помагаат да се чувствуваме сити. Тие имаат потенцијал и да го ограничат натрупувањето на масти во телото и да ја зголемат количината на енергија што ја користат мускулите.

Без разлика дали сакате да ја одржите тежината или да се ослободите од прекумерните килограми, или пак барате ужина меѓу оброците, изберете ги Forever Sensatiable кои се погодни за вегетаријанци и лесни за консумација и пијте многу вода, за да го намалите гладот во текот на денот.

 
СОСТАВ
Овесни снегулки (Avena sativa), засладувач (сорбитол), мед во прав, аромат (ванила, лимон), средноверижни триглицериди, стабилизатор (микрокристална целулоза, вкрстено поврзана целулозна гума), хидролизиран протеин од квасец (Saccharomyces cerevisiae), згуснувач (гума гуар), средство против стврднување (стеаринска киселина, силициум диоксид), глукоманан. Алергените се означени со болдирани букви.
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Џвакајте по 1-2 таблети во секое време од денот, до 8 таблети дневно. Земајте со многу вода за да стигнат до стомакот.

ВНИМАНИЕ
Добро да се затвора и чува на суво и проветрено место, недостапно за мали деца. Не користете ако фолијата под капачето е скината или недостасува! Не ја зголемувајте препорачаната дневна доза. Производот не е замена за балансирана исхрана. Прекумерната употреба може да има лаксативно дејство. Ризик од задушување кај лица со отежнато голтање или при внес со недоволна количина на вода.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Содржат глукоманан и хидролизат на протеин од квасец.
  • Таблети за џвакање кои лесно се земаат со вода.
  • Пријатен мирис на лимон.
  • Погодни за вегетаријанци.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org