www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 262
473 мл
Цена: 1905 ден.
Forever Pomesteen Power
Поместин пауер
ОПИС И СВОЈСТВА
Неспорен е фактот дека антиоксидантите се особено важни за нашето здравје. Нутриционистите денес најмногу дискутираат за тоа кој плод е најмоќниот антиоксидант, или со други зборови, кој плод содржи најмногу ксантени и има најголем капацитет на апсорбирање на кислородните радикали (ORAC).
Forever Pomesteen Power ги има двете, бидејќи претставува патентирана смеса од овошни сокови и екстракти вклучувајќи: калинка, круша, мангостен, малина, капина, боровинка и семе од грозје.
Вредноста ORAC или капацитетот на апсорбирање на кислородните радикали е индикатор до кој степен еден антиоксидант успева да се спротивстави на штетното дејство на слободните радикали. Тој капацитет е многу променлив, дури и ако се тестира еден ист плод во различни моменти после бербата, неговите вредности многу ќе варираат. Важно е да се напомене дека сите состојки на Forever Pomesteen Power се на врвот на листата на ORAC вредностите, а највисок е капацитетот на плодовите од калинка и мангостен.
Сокот од калинка содржи повеќе полифенолни антиоксиданти од црвеното вино, зелениот чај, соковите од брусница и од портокал. Освен тоа, тој е одличен извор на витамините A, C и E, како и на железо.
Мангостенот е популарен плод во Азија. Поради неговиот извонреден вкус кралицата Викторија го прогласила за свое омилено овошје и оттогаш е познат како “Кралица на плодовите”. Мангостенот е богат со корисните ксантени, а неговиот капацитет на апсорбирање на кислородните радикали е многу висок. Ксантените претставуваат семејство на моќни антиоксиданти кои ги има во плодовите. Познати се околу 200 вида од овие фитокомпоненти, а 40 од нив се содржат во мангостенот.
Пробајте ја неверојатната моќ на антиоксидантите од калинка, мангостен и други егзотични плодови во Forever Pomesteen Power!
 
СОСТАВ
Патентирана смеса од: сок од калинка, сок од круша, сок од мангостен (Garcinia mangostana L.), сок од малина, сок од капина, сок од боровинка, екстракт од семе од грозје, стабилизиран алое вера гел, калиум сорбат (за зачувување на аромата), натриум алгинат, лимонска киселина.
 
КОЛИЧИНА
473 мл
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Протресете добро пред употреба. Консумирајте по 30 ml дневно.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Супер антиоксидант.
  • Уникатна комбинација на овошни сокови и екстракти.
  • Егзотичен вкус, допадлив за секого.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org