www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 306
30 паковки во кутија
Цена: 6332 ден.
Forever Freedom2Go
Џебен Фридом
ОПИС И СВОЈСТВА
Џебен фридом, како што самото име го покажува тоа, ќе ви го понуди корисниот пијалок и многу повеќе. Џебниот фридом ги има сите корисни својства на Форевер фридом, но и уште нешто. Земете ја моќната калинка-без сомнение една од најбогатите овошки со антиоксиданти, искомбинирајте ја со состојките кои успеваат да ги одржуваат зглобовите здрави и подвижни, додате ја оваа смеса на уникатниот гел од алое вера на Форевер, и тоа заедно исипете го во една симпатична, мала и удобна паковка и ќе го добиете Џебниот Фридом! Сега веќе нема причина да ја пропуштите вашата корисна доза, која ги одржува вашите зглобови, додека се препуштате на дневниот ритам...Џебниот фридом е тука за да ви даде сила за се што ќе ви донесе вашиот активен начин на живот.
Зглобовите имаат потреба од движење, за да бидат здрави. Нашите преоптоварени тела имаат потреба од поткрепа на имунолошкиот систем, за да можеме да го одржуваме ритамот. Глукозамин сулфат и хондроитин сулфат се природни состојки кои се докажани со своето корисно својство за здрави и подвижни зглобови. Метил сулфонил метан (МСМ) е основниот извор на органски сулфур, од кој нашиот организам има потреба за да ги одржува здрави сврзните ткива и зглобови. Форевер ги искористи овие три моќни состојки на Форевер Фридом, заедно со нашиот исклучителен гел од алое вера со неговите својства да одржува имунитетот и кон тоа го додаде вкусниот антиоксидантен сок од калинка. Резултатот е-голема сила во мало пакување!
Глукозаминот е шеќер кој се произведува во организмот. Тој се содржи во мали количини во ограничен број на производи за исхрана. Неговата гелообразна структура го омекнува подвижниот дел од зглобовите и ја зајакнува ‘рскавицата. Се смета дека глукозаминот ја заштитува и заздравува ‘рскавицата околу зглобовите. Според испитувањето, објавено во октомври 2002 г. во “Архиви на внатрешната медицина” (Archives of Internal Medicine) и цитирано од www.wholehealthmd.com, секојдневниот прием на глукозамин сулфат ја намалува болката и ја подобрува мобилноста на зглобовите. Затоа не пропуштајте да ја земете својата доза Џебен фридом пред да отидете на тренинг, прошетка или пливање. Дајте им ја потребната поддршка на вашите зглобови! Хондроитинот исто така е природна компонента на ‘рскавицата, кој го омекнува движењето на зглобовите. Исто така можно е хондроитинот да ги блокира ензимите кои го уништуваат ‘рскавичното ткиво. Ако додадете хондроитин суфат кон вашиот режим на исхрана, можете да си обезбедите здрави и подвижни зглобови долго време. А Џебниот фридом во списокот на состојки содржи и МСМ. МСМ е органска форма на сулфур за која се смета дека помага во одржувањето на здрави сврзни ткива и добра функција на зглобовите. Џебниот фридом е едно мало чудо со голема сила, ставено во удобно пакување! Џебниот фридом е уникатна комбинација од неверојатниот алое вера гел на ФЛП, појачан со природните состојки за одржување на здрави зглобови и антиоксидантната моќ на калинката. Овој пијалок е еден од најквалитетните и најполезни пијалоци во групата на додатоци во исхраната кои се нудат на пазарот. Калинката содржи повеќе антиоксиданти од црвеното вино, зелениот чај или боровинките. А кога ќе го додадеме витаминот С и гелот од алое вера, вашиот имунолошки систем и сите ваши зглобови во целост ќе ја почувствуваат моќта на Џебниот фридом!
 
ОСНОВНИ СОСТОЈКИ
Стабилизиран гел од алое вера (сок), концентриран природен овошен сок од калинка, глукозамин сулфат, хондроитин сулфат и метил сулфонил метан.
 
ДРУГИ СОСТОЈКИ
Фруктоза, природна арома на калинка, лимонска киселина (регулатор на киселоста), калиум сорбат (за зачувување на аромата), токоферол (антиоксидант).
Содржи морски ракчиња.
 
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Пијте по едно пакување еднаш или двапати на ден, најдобро е пред јадење. Доколку не ја испиете целата содржина од паковката, остатокот ставете го во фрижидер. За оптимални резултати козумирајте во рокот од 24 часа откако ќе го отворите.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Содржи глукозамин, хондроитин и МСМ.
  • Прекрасен вкус на калинка
  • Удобна и лесна паковка за носење.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org