www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 555
30 мл
ПЦП: 3850 ден.
infinite by Forever™ firming serum
Серум за затегнување
ОПИС

Серумот за затегнување го атакува стареењето однадвор навнатре со едни од најмодерните откритија во науката за кожата!

Серумот ја дополнува и зголемува ефикасноста на алоето со трифлуорацетил трипептид-2. Во клиничките истражувања оваа состојка значително ја подобрува еластичноста на кожата на корисниците и се бори со прогеринот – штетен протеин кој се зголемува со напредување на возраста и има штетно дејство врз клетките на кожата. Имитирајќи ги природните процеси во кожата, пептидот со три аминокиселини ја затега и ја намалува појавата на фини линии и брчки.

Оваа состојка може да е производ сама по себе си, но ние не застанавме тука. Ја искомбиниравме со хидролизиран натриум хиалуронат – природен навлажнувач и други состојки за нега на кожата. Серумот за затегнување е научно дизајниран така што алоето оптимално ги покажува неговите својства да ја смирува и измазнува кожата. Екстрактот од квасец придонесува за синтеза на колагенот и ја поддржува природната заштита на ткивото на кожата за да го изедначи тенот, а протеинот од сурутка ја регенерира кожата така што ја измазнува, затега и ја исполнува.

Многуслојната формула е мечта за научниците кои ја истражуваат кожата и е создадена со моќта на природата и најсовремените лабораториски откритија за да ви помага да изгледате и да се чувствувате на најдобриот можен начин.

ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА

Притиснете ја пумпицата еднаш и нанесете со брзи, но внимателни лизгачки движења по целото лице. За најдобри резултати нанесете го количеството од уште едно испумпување на вратот со лизгачки движења нагоре кон брадата. Употребувајте наутро и навечер по чистење.

ВНИМАНИЕ! Избегнувајте директен контакт со очите! Во случај на иритација исплакнете темелно со вода. Ако не исчезне иритацијата, прекинете со употреба и побарајте лекарска помош.

ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Содржи авангардна клинички тестирана состојка.
  • Ја затега кожата и ја намалува појавата на фини линии и брчки.
  • Поддржува нормална синтеза на колагенот и придонесува за изедначување на тенот.

© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org