www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 68
80 таблети
Цена: €11.50
Fields of Greens
Додаток во исхраната “Зелени полиња”
ОПИС И СВОЈСТВА
Кога сме на село во лето или пролет не можеме, а да не се восхитиме на прекрасната глетка на зрелите зеленчуци и жита. Меѓутоа колку често во супермаркетите ги прескокнуваме штандовите со зеленчук и се упатуваме кон фрижидерот и замрзнатата храна и грижливо наредените редици од конзерви. Нашите родители нe поттикнувале да јадеме повеќе свежи овошја и зеленчуци, но динамиката на животот ни налага многу често да посегнеме по храната која брзо се приготвува, лишувајќи се од виталните материи кои се наоѓаат во зеленчуците и житните растенија.
Форевер Ливинг Продуктс ви нуди решение на тој проблем кое е лесно за употреба и е извор на многу хранливи елементи од зелените зеленчуци кои мошне често недостасуваат во современиот начин на исхрана. “Зелените полиња” е соодветното име за овој исклучително добро балансиран додаток во исхраната. Fields of Greens вклучува ‘ркулци од зелен јачмен, луцерка, стебла од пченица и лута црвена пиперка, како и хром пиколинат. Fields of Greens содржи исто така и други хранливи соединенија како што се бета-каротин, ензими, аминокиселини, витамини и хлорофил, како и повеќе фибриди, отколку трици. Со еден поглед врз состојките забележуваме изобилство од хранливи елементи, специјално одбрани за да се борат против нивниот недостиг и порокот наречен “брза храна”.
Пред да почнат да се употребуваат пченицата и ‘ржта, основна житна култура во Европа бил јачменот. Познато е дека сокот од младиот јачмен содржи богат коктел од минерали: калај, калциум, магнезиум, железо, натриум, бакар, фосфор, цинк и манган. Освен тоа антиоксидантот познат како 2-0-ГИ (2-0-гликосилисовитексин) се среќава во природна состојба во листовите на зелениот јачмен. Д-р Ричард Голд од Тихоокеанскиот колеџ за ориентална медицина напишал за зелениот јачмен дека “колку повеќе се конзумира овој адаптоген, толку посилен ефект има терапијата”.
Пченицата е богато хранливо житно растение, кое исто така содржи голем број разновидни витамини, минерали и микроелементи. Д-р Ан Видмор тврди дека 1/2 кг пресна пченица се споредува по својата хранливост со повеќе од 10 кг пресен зеленчук.
Корените на луцерката растат и се пробиваат во голема длабочина на почвата и ги апсорбираат минералите со кои таа е богата, што го прави ова растение да е најбогато со минерали потребни за човечкиот организам. Минералите кои таа ги содржи се целосно балансирани и лесно се апсорбираат. Освен тоа луцерката е голем извор на витамин А, Б6, Е и К. Го намалува нивото на холестерол и е природен растителен естроген.
Црвената лута пиперка долго време се користи во традиционалната медицина. Таа ја подобрува циркулацијата и помага во варењето на храната.
Хром пиколинат-хромот е основен минерал, а испитувањата покажуваат дека недостига во исхраната на 90% од индустриските нации. Шеќерот и физичкиот напор го прават телото да троши повеќе од ограниченото количество на присутниот хром. Хромот ја зголемува способноста на телото да го апсорбира инсулинот, на кој начин го конторолира шеќерот во крвта.
Вредноста на медот како извор на хранлива енергија е добро позната. Медот содржи витамини, минерали и аминокиселини и се користи од многу одамна како извор на енергија и како лек.
 
СОСТАВ
Јачмен 120 мг
Пченица (листови во прав) 120 мг
Луцерка (листови во прав) 120 мг
Лута црвена пиперка 1,7 мг
Хром пиколинат 0,06 мг хром
Пчелен мед, сорбитол, магнезиум стеарат, стеаринска киселина, силициум двооксид.
 
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Една таблета два пати дневно.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Одлични повеќефункционални мулти-витамини и мултиминерали.
  • Богат е со минерали.
  • Хлорофилот помага во совладувањето на влијанието од радијација.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org