Aloe Ever-Shield Deodorant Stick
Сув алое дезодоранс
ОПИС И СВОЈСТВА
Дезодоранс кој ја зголемува самодовербата и го задржува чувството на свежина преку целиот ден. Aloe Ever-Shield Deodorant Stick ви обезбедува ефикасна целодневна заштита од непријатниот мирис, а може да се нанесе веднаш откако сте се истуширале или сте завршиле со депилација, без да ја иритира кожата. Производот максимално ги користи дезодорирачките својства на алоето и ги комбинира со други одлични состојки.
Оваа нежна формула со стабилизиран гел од алое вера не содржи штетни соли на алуминиум, кои го потиснуваат потењето, а ги среќаваме во многу дезодоранси на пазарот. Алуминиумот е токсичен метал. Се смета дека неговото натрупување во организмот го оштетува нервниот систем, а некои научници ја поврзуваат презаситеноста со алуминиум со Алцхајмеровата болест. Алуминиумот може да го наруши калциумовиот баланс во организмот поради влијанието врз активноста на паратироидната жлезда. Преголемото количество паратироидни хормони води до високо ниво на калциум во крвта што се поврзува со болки во коските, психијатриски симптоми и констипација. Се гордееме што можеме да ви претставиме производ кај кој сите тие опасности се избегнати, без тоа да се одрази на квалитетот.
Погодната форма на дезодорансот овозможува нанесување само таму каде што вие сакате. Специјалната формула се лизга непречено и не остава траги врз облеката, дури и по долготрајна употреба.
СОСТАВ
Пропилен гликол, вода, натриум стеарат, стабилизиран алое вера гел, мирис, триклосан.
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Секојдневно нанесувајте Aloe Ever-Shield под пазувите и уживајте во чувството на свежина и чистота во текот на целиот ден.
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Не содржи алуминумски соли.
- Не остава траги на облеката.
- Можете да го користите непосредно после бричење или депилација под пазувите.
- Погодната форма на дезодорансот го прави исклучително економичен.
|