www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 236
28.3 г
Цена: 1369 ден.
Forever Epiblanc
Крем за осветлување на кожата
ОПИС И СВОЈСТВА
Додека сме млади, нежната и беспрекорна кожа ја прифаќаме како природна појава, сепак со тек на време во повозрасните години потребно е кожата да ја заштитуваме од стрес, воспаленија и ултравиолетови зраци. Во спротивно ако не се негува кожата се појавуваат пеги (флеки), рапава површина, црвенило.
Од сега веќе ќе можете да ги спречите тие појави кои се појавуваат како последица на возраста и да го вратите младиот изглед на вашата кожа со новиот Forever Epiblanc од Форевер Ливинг Продакс. Природните состојки за избелување кои се содржат во овој производ ја избелуваат кожата и ја изедначуваат нејзината боја, а истовремено ја намалуваат појавата на темни пеги (флеки).
Нанесете го кремот за избелување директно на пегите, акни, бенки (кои се појавени од раѓање или со тек на годините) насекаде каде што бојата на кожата не е иста. Само за неколку седмици Epblanc го осветлува местото и ја изедначува пигментацијата, за потоа да се радувате на прекрасната кожа. Флеките и црвенилото буквално исчезнуваат.
Epiblanc не само што ја балансира бојата на вашата кожа, исто така ја хидратира и храни со чист стабилизиран гел од Алое Вера и природни растителни екстракти како што се мечкино грозје, лапад и витамин Е. Не дозволувајте младоста да ви исчезне, кога имате можност да направите пегите и другите недостатоци на кожата да исчезнат! За почиста, сјајна и беспрекорна кожа нека ви помогне новиот Forever Epiblanc од Форевер Ливинг Продактс.
 
СОСТАВ
Гел од Алое Барбаденсис (стабилизиран гел од Алое Вера), вода, глицерин, арбутин, триетаноламин, натриум аскорбил фосфат, екстракт од Rumex Occidentalis, натриум хиалуронат, витамин Е (природен) ксантан, карбомер, диметикон, 1,2-хексанедиол, каприлил гликол, динатриум етилендиаминтетраоцетна киселина, метилпарабен, арома.
 
ПРЕПОРАКА ЗА УПОТРЕБА
Нанесувајте наутро и вечер на местата кои сакате да се осветлат. Се препорачува во текот на денот кожата да се заштитува со Aloe Sunscreen на Форевер Ливинг Продактс.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Го изедначува тенот
  • Се препорачува за лузни, акни, црвенила, бенки и пигментација (од раѓање или со изминување на години)
  • Сите флеки од кожата исчезнуваат со употреба од неколку седмици
    За беспрекорна кожа


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org