www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 026
100 таблети
Цена: 1005 ден.
Forever Bee Pollen
Пчелен Полен
ОПИС И СВОЈСТВА
Поленот е оплодувачкиот прав на цветот. Пчелите го собираат и пренесуваат во кошниците за храна. Без поленот растенијата, дрвјата и цветовите не би постоеле. Дури и нашиот живот зависи од него.
Forever Bee Pollen се собира од цветови кои растат скриени во високи пустински области и се става во патентирани колектори од не`рѓосувачки челик. Тоа е гаранција дека добивате најсвежа и мошне моќна природна храна. Forever Bee Pollen е целосно природен и не содржи конзерванси, вештачки ароми или вештачки бои.
Пчелниот полен обезбедува широк спектар од основни хранливи материи: сите витамини од Б комплексот и витаминот C. Тие се растворливи во вода и затоа е потребно да се внесуваат секојдневно. Пчелниот полен исто така ги содржи витамините D, Е, К и бета каротин (витамин А). Тој е богат извор на мноштво минерали (како калциум и фосфор кои се речиси во перфектен сооднос 1:1), ензими и коензими, масни киселини од растително потекло, јаглехидрати, протеини и 22 аминокиселини, вклучувајќи ги сите 8 есенцијални аминокиселини кои организмот не може сам да ги произведува. Пчелниот полен содржи повеќе хранливи материи на калорија отколку кој и да е друг додаток во исхраната, затоа не е чудно што се смета за една од најбогатите храни воопшто. Всушност човечкиот организам би можел да живее само од пчелен полен со додавање единствено на растителни влакна и вода.
Хранливите материи во пчелниот полен се лесно сварливи и лесно се апсорбираат од организмот. Многу луѓе ги користат неговите благодети, погоден е за спортисти кои го консумираат за сила, енергија и одржување на здравјето.
Пчелниот полен има мноштво други благотворни дејства:
  • Богатиот коктел од хранливи материи во поленот помага да се подобри хемијата на телото, со што се неутрализира дејството на конзервансите и адитивите во храната.
  • Тој е природен извор на цинк и витамин Б6 и поради тоа е особено соодветен да се користи кај депресии и предменструална напнатост.
  • Може да ја намали чувствителноста на организмот и затоа е добро дополнување за подобро да се поднесат алергиите.
  • Ја потиснува активноста на бактериите и го зголемува ефективното отстранување на отпадни материи и отрови од организмот.
Пчелниот полен содржи и лецитин кој се наоѓа во сите клетки во неговата природна форма. Така помага при варењето и метаболизмот на мастите. Го зајакнува имунолошкиот и нервниот систем.
 
СОСТАВ
Пчелен полен 500 мг, мед, стеаринска киселина, силицум диоксид и матичен млеч.
 
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Земете мало количество (1/4 таблета) за да се уверите дека не сте алергични, а потоа постепено зголемувајте ја дневната доза на три пати по една таблета. Консултирајте сѐ со лекар пред да започнете со користењето на овој или друг додаток во исхраната.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Мултивитамински и мултиминерален додаток.
  • Ја зголемува енергијата.
  • Го помага варењето на храната.
  • Ги ублажува симптомите на алергија.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org