www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 560
130 мл
ПЦП: 1611 ден.
balancing toner
Балансирачки тоник
ОПИС
Дали на вашето лице му треба уште нешто по чистењето? Уверете с? дека сите нечистотии се отстранети, затегнете ги порите и хидратирајте ја кожата со балансирачкиот тоник по чистење на лицето, и пред хидратирањето.

Балансирачкиот тоник содржи уникатна комбинација од екстракт од алги и натриум хиалуронат. Во комбинација, двете ефикасни состојки ја хидратираат и омекнуваат кожата, за да е посвежа и млада.

Додадовме и екстракт од краставица за смирување и дополнителна хидратација. Краставицата може да го подобри тенот на кожата и содржи лигнани кои ја освежуваат и ја изедначуваат нејзината структура. Екстрактот од бел чај е ефективен антиоксидант со богата содржина на полифеноли, што заедно со високата концентрација на алое ја балансира кожата и ? помага во борбата со слободните радикали.

За да ја дополниме импресивната формула додадовме хиалуронска киселина, наречена „молекуларен сунѓер“ заради нејзиното својство да привлекува вода.

Додајте го балансирачкиот тоник во вашиот козметички режим и ќе ја почувствувате вашата кожа на сосем поинаков начин, ќе го освежите нејзиниот изглед и таа подобро ќе ги апсорбира корисните материи со кои ја храните.

ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
Нанесете обилно количество на лицето и вратот со памук по чистењето. Користете два пати на ден, за да ги затегнете порите и да ја хидратирате кожата.

ВНИМАНИЕ! Избегнувајте директен контакт со очите! Ако се појави иритација, темелно исплакнете со вода. Ако иритацијата не исчезне, престанете со употреба и побарајте лекарска помош.

 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Освежува, смирува и хидратира.
  • Го изедначува тенот и структурата на кожата.
  • Ги затегнува порите.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org