www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
 
Код: 238
99 г
Цена: 1166 ден.
Forever Aloe Scrub
Пилинг со Алое
ОПИС И СВОЈСТВА
Кога сакате да ја исчистите кожата длабински, изберете Forever Aloe Scrub. Со уникатната комбинација од стабилизирано Алое Вера и микросфери од чисто масло од јојоба, пилингот со Алое е доволно нежен за секојдневна употреба и доволно силен длабински да ги исчисти деликатните пори на кожата. Во комбинација, овие две природни состојки ја чистат кожата, а истовремено не дозволуваат сушење и оштетување како што е случај кај синтетичките препарати за пилинг.
Forever Aloe Scrub се грижи за кожата. Како основа на неговиот состав е стабилизираниот Алое Вера Гел со природни микросфери на јојоба, на што се должи пилинг ефектот. Овој производ е создаден за целата кожа, вклучувајќи го и лицето, за да ги отстрани мртвите клетки и непотребните материи, кои што ги затвораат порите и го расипуваат добриот изглед на кожата. Клетките на кожата се регенерираат на секој 21-28 дена. Со помош на нежното дејство на Пилингот со Алое кожата е навистина чиста, ризикот од затнување на порите е намален и новите клетки имаат можност да излезат на површина, што ја прави кожата свежа и сјајна.
 
СОСТАВ
Стабилизиран Алое Вера Гел, дестилирана вода, хидрогенизирано масло од јојоба, глицерил стеарат, пропилен гликол, натриум кокоил изетионат, лаурамин оксид, цетил алкохол, кокамидопропил бетаин, полиетиленгликол-100 стеарат, хидриран силициум двооксид, натриум лактат, токоферол (природен витамин Е), лимонска киселина, аскорбинска киселина, диазолидинил карбамид, метилпарабен, пропилпарабен, мирис, FD&C сина бр.1.
 
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
Нанесете врз мокро лице или тело и нежно масирајте ја кожата со мокрите врвови на прстите (при што внимателно ќе го избегнувате делот околу очите) со кружни движења во времетраење од две-три минути. Ако е неопходно, додадете уште вода. Обилно исплакнете и исушете со чиста и мека крпа.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Природен пилинг за лице и тело.
  • Ја подготвува кожата за навлажнување.
  • Употребете го пред да нанесете вештачки тен.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org