Код: 264
60 гел капсули
Цена: 1993 ден.
|
Forever Active HA
Форевер активна ХК
ОПИС И СВОЈСТВА
Со напредување на возраста во различни делови на телото започнуваат да се појавуваат знаци на стареење и честопати недоволното движење води до отежнато извршување на некои физички активности. Тоа се случува кога мускулите се изморени, а зглобовите едноставно не функционираат како што треба. Намалената подвижност н? пречи да уживаме во саканите работи и да водиме активен живот како претходно. Сето тоа може да се промени со револуционерниот производ на Форевер Ливинг Продактс - Forever Active HA.
Нашето тело претставува една голема биомеханичка машина со 230 подвижни зглобови. Од моментот кога ќе станеме наутро, до моментот додека си легнеме навечер, овие зглобови се во движење. Ова непрекинато оптоварување година за година, може да доведе до намалување на подвижноста на зглобовите. Организмот произведува протеин наречен хиалуронска киселина која ги подмачкува и омекнува зглобовите и мускулите. Но, со напредувањето на возраста се произведува с? помалку хиалуронска киселина. Тоа доведува до недоволно подмачкување на зглобовите и до сушење на кожата. Исто како што на автомобилот му треба моторно масло за да функционира, така и нашето тело има потреба од подмачкување на зглобовите. На помош доаѓа Forever Active HA!
Таа нуди уникатна форма на хиалуронска киселина со ниска молекуларна тежина. До неодамна оваа корисна киселина во организмот се додаваше исклучиво преку инјекции, бидејќи дигестивниот систем не може да ја апсорбира во нејзината природна состојба. Благодарение на новиот процес Injuv®, сега ХК може да се зема и орално.
Forever Active HA содржи и масло од ѓумбир и куркума, за да создаде еден од најхранливите додатоци на исхраната за хидратирање на зглобовите и кожата. Со векови во Кина овие две билки се користат за подобрување на функцијата на зглобовите кај возрасните луѓе. Маслото од коренот на куркума е богато со калиум и железо, а клиничките испитувања го докажаа неговото благотворно дејство кај зглобовите.
Форевер Ливинг ги комбинираше овие корисни состојки во револуционерен додаток на исхраната. Forever Active HA е одличен сопатник на Forever Freedom и Aloe MSM Gel.
Употребувани заедно, овие производи можат да ви помогнат да ја вратите радоста на движењето и повторно да уживате во вашите сакани активности!
СОСТАВ
Injuv® комплекс на хиалуронска киселина (обезбедува 9% хиалуронска киселина со ниска молекуларна тежина од натриум хиалуронат), ѓумбир (Zingiber officinale) масло (корен), куркума (Curcuma longa) (корен во прав) (95% куркумин), соино масло, желатин, глицерин, пчелен восок, малтодекстрин, пречистена вода, цинк оксид и лецитин.
КОЛИЧИНА
60 гел капсули
ПРЕПОРАЧАНА УПОТРЕБА
По една гел капсула два пати на ден.
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
- Ги подмачкува зглобовите и ја навлажнува кожата.
- Единствена форма на хиалуронска киселина со ниска молекуларна тежина.
- Содржи ѓумбир и куркума - корисни билки за здравјето на зглобовите.
|