www.flp.bg Вклучи се
БУГАРИJА - МАКЕДОНИJА
Насловна
Производи
 
Код: 39
60 гел капсули
Цена: €32.75
Arctic-Sea Super Omega-3
Додаток во исхраната со незаситени масни киселини Омега-3
ОПИС И СВОЈСТВА
Масните киселини се една од основните хранливи состојки за здрава функција на нашиот организам. Извршуваат неколку функции. Ги има во поголем дел од заштитната обвивка или мемебрана околу секоја наша клетка. Во организмот тие се основен материјал на телесната маснотија, неопходна во определена количина за заштита на внатрешните органи и за заштита на телесната температура. Но сите масни киселини не се еднакво корисни. Научните откритија го поврзуваат конзумирањето на заситени масни киселини, кои што се содржат претежно во животинските масти, со повисоко ниво на холестерол во крвта и поголема изложеност на инфаркт, додека за незаситените видови кои претежно се наоѓаат во растителните масти, се тврди дека имаат обратен ефект.
Испитувањата направени во последните 10 години покажуваат дека Ескимите и јапонските рибари помалку страдаат од срцеви заболувања и други болести, како што се дијабетис, висок крвен притисок и многу видови на карцином кои се распространети во западните држави. Изненадувачки е дека во исхраната на повеќето Ескими се среќава највисока содржина на животински масти во целиот свет. Дополнителните испитувања доведуваат до заклучок дека одредени хранливи состојки откриени во рибните масти имаат уникатна улога во намалувањето на нивото на холестерол и триглицериди во крвта, на кој начин се намалува ризикот од инфаркт.
Токму тие хранливи состојки се наречени Омега-3, група поли-незаситени масни киселини. Тие се крајно неопходни за нашиот организам, но бидејќи тој не може да ги произведе, ние треба да ги внесуваме преку исхраната. Две од најбитните се викаат ЕПА (ејкосапент-пеларгонова киселина) и ДХА (докосахексапе-ларгонова киселина), кои не само што го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, туку истовремено ги заштитуваат и придонесуваат артериите да бидат чисти.
Други испитувања во последните 30 години исто така дошле до заклучок дека на останатите незаситени масни киселини, заедно познати како Омега-9, им се дава предност како хранлива замена за заситените животински масти поради способноста да го намалат нивото на холестерол. Овие хранливи состојки вообичаено се среќаваат во растителни производи, како на пример маслиновото масло. Во државите покрај Средоземното Море каде што се употребува големо количество на маслиново масло, научниците уште еднаш потврдуваат дека има мошне мала распространетост на срцеви и канцерогени заболувања.
Форевер Ливинг Продуктс создаде инзвонреден додаток во исхраната кој се базира на резултатите од најновите испитувања во таа важна област на исхраната. Комбинирајќи Омега-3 и Омега-9 ние ви нудиме сигурен и балансиран додаток во исхраната кој го регулира нивото на холестерол и триглицеридите во крвта. Forever Arctic-Sea Super Omega-3 претставува мошне популарен додаток во исхраната во однос на балансираните додатоци од растителни и рибини масти, со што ги поврзува благодетите и на двете. Тоа е еден природен извор на рафинирани и концентрирани рибини масла, богати со поли-незаситени масти на масните киселини Омега-3 - ЕПА и ДХА, како и на маслиновото масло.
Благотворното влијание на ЕПА и ДХА не е ограничено единствено на циркулацијата. Тие исто така помагаат и кај артритис, проблеми со очите, изнемоштени мускули, кожни проблеми, трпнење на рацете и нозете и промени во расположението.
 
СОСТАВ
Рибино масло, маслиново масло, желатин, глицерин, дестилирана вода, витамин Е (Д-алфа токоферол).
Секоја 1000 мг капсула содржи 750 мг мешавина од Омега-3 рибино масло и 250 мг маслиново масло и ги обезбедува следните:
225 мг ЕПА (ејкосапентапеларгонска киселина).
150 мг ДХА (докосахексапеларгонска киселина).
150 мг олеинска киселина.
Витамин Е е додаден како антиоксидант.
 
ПРЕПОРАКА ЗА ДОЗИРАЊЕ
За возрасни: една или две капсули со оброк, три пати на ден.
Капсулите можат да се отворат и соджината да биде нанесена врз кожата со нежна масажа од внатрешната страна на зглобот или од внатрешната страна на колкот.
 
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
  • Масните киселини Омега-3 придонесуваат за намалување на срцевите заболувања.
  • Масните киселини Омега-3 и Омега-9 имаат благотворно влијание врз нивото на холестерол.
  • Помагаат кај артритис, проблеми со крвниот притисок, потешкотии со концентрацијата и кожна надразнетост.


© FLPB 2005 All rights reserved.
 

  www.iasc.org www.iasc.org