Што ќе ви донесе 2025-та?

Форевер

Есте Лаудер, призната од списанието „Тајм“ за еден од „Највлијателните бизнис гении на ХХ век“, вели: „Никогаш не сонував за успеси. Работев за да ги постигнам.“

Секој од нас има свое лично „ЗОШТО“ во Форевер. Некои бараат дополнителни доходи за да си го подобрат својот живот и животот на своите блиски. Други се стремат кон повеќе слободно време или сами да си бидат свои газди. Целта на трети е да им помагаат на луѓе во неволја. Без оглед која е вашата причина да се приклучите во компанијата, патот за остварување на целите е еден.

На него стапнувате, поставувајќи си цели за претстојната година. Маркетинг планот на Форевер ве насочува со чекори кои ви помагаат да си поставите конкретни цели: издигнување на ново ниво, квалификации за лидерски бонус и бонус од група, за долгорочната програма за стимулирање, титула Менаџер ОРЕЛ, постигнување на бонус „Скапоцени камења“, квалификување за Глобалното рели и програмата Chairman’s Bonus. На прво место треба да одлучите кои цели сакате да ги постигнете во 2025-та.

Откако ќе ги идентификувате, време е да составите писмен план на секојдневните, неделните и месечните активности, потребни за да ги постигнете целите. На пример, ако вашата цел е да се издигнете до ниво Супервизор, ви требаат вкупно 25 б. во рамките на два последователни календарски месеци. Тие можат да се реализираат со група од три-четири соработници, од кои секој прави по 4 б. секој месец. За да спонзорирате толку активни соработници, треба да го претставите бизнисот на три-четири кандидати седмично.

Потоа треба да си поставите краен рок. Ако го претставите бизнисот на три-четири лица седмично, ќе ви требаат пет-шест седмици да ги спонзорирате потребните активни соработници. Ако им дадете уште околу четири седмици да ги генерираат потребните 25 б., вашата цел може да биде остварена за два-три месеци. Ако оваа цел ја поставите на први јануари, разумен краен рок би бил 31 март.

Откако ќе имате цел и краен рок, треба да преземете ангажман да го следите планот и да направите сѐ што е потребно за да успеете. Или со други зборови – да го правите тоа што сте го предвиделе, кога сте го предвиделе, без оглед дали во моментот сте расположени за тоа или не. Исто така, бидете флексибилни и коригирајте го планот, ако видите дека ве води во грешна насока. Оставете ги настрана помалку важните задачи кои само ве расејуваат, за да ја насочите целата енергија на целта.

И на крај, составете писмен план за секојдневните задачи и водете отчет за напредокот кон целта. На крајот на денот одвојте по неколку минути да си запишете што сте направиле за да се доближите до целта, како и која од активностите (или нивниот недостаток) го забавило вашиот напредок. Потоа запишете ги нештата кои ќе ги завршите следниот ден, за тој да биде подобар од денешниот.

Овој процес на поставување на цели е толку едноставен, што секој може да го примени. Ве охрабруваме да го искористите неговиот полн потенцијал за градење на вашиот бизнис со Форевер во претстојната година.

Што ќе ви донесе 2025-та? Единствено вие можете да дадете одговор на ова прашање. Која е вашата цел? Каков е вашиот план? Дали сте подготвени да работите за да го остварите?

Споделете со пријатели:

Нагоре