Здрави избори за празниците

Форевер

Со наближувањето на празниците лесно може да се опуштиме и да си го нарушиме режимот. Но со неколку разумно избрани производи можете да придонесете за одржување на здравјето и добрата форма за време на празниците.

Без разлика дали сакате да го намалите апетитот, да го поддржите имунолошкиот систем или да имате енергија, четирите производи кои ви ги предлагаме можат да ви помогнат да го ставите здравјето на прво место по празниците.

АРГИ+

Во овој напорен дел од годината, клучно е да ја одржиме енергијата и здравјето. АРГИ+ помага за поддршка на циркулацијата и кардиоваскуларното здравје, имунитетот, спортската форма, функцијата на мускулите и нивоата на енергија – сето ова во ќесичка која е лесна за носење насекаде, без оглед каде ќе ве одведат празничните патувања.

Основната состојка е L-аргинин – аминокиселина со чија помош нашиот организам создава азотен оксид. АРГИ+ ја поддржува оптималната циркулација и така придонесува за добрата состојба на кардиоваскуларниот систем. Азотниот оксид има клучна улога за поефикасна циркулација на кислородот, крвта и нутриентите во телото. Освен L-аргинин, АРГИ+ содржи и витамин D кој придонесува за нормалната функција на имунолошкиот систем и B витамини кои придонесуваат за нормален метаболизам и производство на енергија.

Клучни придобивки

  • Го поддржува производството на азотен оксид
  • Го поддржува кардиоваскуларниот систем
  • Ја подобрува спортската форма
  • Вкусна арома на шумски плодови

Forever Sensatiable

Уникатен производ кој може да ве избави од гладот за слатко меѓу оброците и да ви помогне да ја контролирате консумацијата на празнични десерти. Таблетите за џвакање со арома на лимон се природно засладени со мед во прав и потсетуваат на колачиња со крем од лимон, но без целиот шеќер!

Forever Sensatiable содржат овес и хидролизат од квасец за ефикасно да ве заситат. Овесот е богат со бетаглукан – природен извор на растворливи влакна кои го забавуваат варењето. За хидролизатот од квасец е докажано дека влијае на два хормона кои го регулираат апетитот – грелин и лептин, со што помага за намалување на внесот на калории. А глукомананот и средноверижните триглицериди дополнително го зголемуваат чувството за ситост.

Клучни придобивки

  • Погодни за вегетаријанци
  • Таблети за џвакање со вкус на лимон
  • Лесни за употреба додека сте во движење
  • Даваат чувство за ситост, благодарение на овесот и хидролизатот од квасец

Forever Plant Protein

Одличен предлог за сите кои бараат висококвалитетен извор на протеини од растително потекло, за да ја одржат добрата форма за време на празниците. Со 17 грама протеин во една порција, оваа веган формула придонесува за ситост, за раст и поддршка на мускулната маса, како и за нормална состојба на коските, без додаден шеќер. Извори на протеини се грав и тиква, избрани заради нивната способност да обезбедат комплетен профил од аминокиселини, незаменливи за здравјето на мускулите и коските.

Растителниот протеин на Форевер не содржи соја, млечни производи или глутен, што го прави соодветен за широк спектар на хранливи преференци и ограничувања. Има природен вкус на ванила добиен од растенија, содржи природен засладувач без калории од стевија, конзистенцијата му е фина и кадифена за разлика од многу други растителни протеини.

Клучни придобивки

  • 17 грама растителни протеини во една порција
  • Погоден за вегани и вегетаријанци
  • Мазна конзистентност со природна арома на ванила
  • Дава чувство на ситост, дава поддршка на мускулната маса и нормалната состојба на коските

Aloe Berry Nectar

Пијалакот ги комбинира корисните својства на алое вера со киселкастата сладост на брусниците и јаболките, што го прави ризница на фитонутриенти и витамини. Неговите 90,7% чист алое гел од внатрешноста на листот придонесуваат за поддршка на варењето и на имунолошкиот систем. Идеален е за напорните денови околу празниците, бидејќи ви помага да одржувате нормално ниво на енергија.

АЛОЕ БЕРИ НЕКТАРОТ е направен од рачно берено алое, одгледано на сопствените полиња на Форевер и сертифицирано од Меѓународниот научен совет за алое за својот одличен квалитет и чистота.

Клучни придобивки

  • 90,7% чист гел од внатрешноста на листовите на алое вера
  • Без конзерванси
  • Поддржува здраво варење и имунитет
  • Брусницата го поддржува здравјето на уринарниот тракт

Споделете со пријатели:

Нагоре