Нови можности со генераторот на линкови

Форевер

Дали ви се случува во разговор со клиент да му препорачате неколку производи кои мислите дека ќе му бидат корисни, а кога ќе му испратите линк до вашата онлајн продавница тој да не успее да се ориентира во богатиот асортиман на Форевер и или да ги порача само производите кои ќе успее да ги најде, или едноставно да се откаже? Сега имаме одлично решение за вас, наречено паметна кошничка!

Многумина веќе успешно го користите пригодниот генератор на линкови во личните веб профили за да правите кратки врски до личните онлајн продавници на foreverliving.com. Досега со негова помош можевте да креирате персонализирани линкови до конкретни производи, до цели категории на производи или до страницата за регистрација. Од неодамна тој нуди уште попогодни функции наречени паметна кошничка и паметна регистрација. Со нивна помош можете однапред да ја вчитате кошничката на клиентот со комплет производи за кои сметате дека ќе му бидат корисни, за да не мора да талка низ продавницата да го бара тоа што сте му го препорачале.

Што е паметна кошничка

Едноставно изберете ги производите што ги препорачувате на клиентот, испратете му го креираниот линк и тој ќе треба само да го притисне копчето КУПИ за да направи брза и лесна порачка. Ако сака, вашиот клиент може да одлучи да ја разгледа веб продавницата и да додаде уште артикли кон тие што сте му ги препорачале или пак да избрише еден или повеќе од нив, но ако брза, паметната кошничка ќе му заштеди многу време и труд.

Како и кај познатите линкови од генераторот, новите исто така го вклучуваат вашиот регистрациски број за да гарантираат дека вие ќе ги добиете соодветните бодови и заработката од купувањата на вашите клиенти. И со нив имате можност да им дадете на клиентите попуст од 5%, 10% или 15% , а вие не само што можете да наведете колку пати да биде искористен линкот до паметната кошничка, туку и да ја ограничите важноста на линкот до одреден датум.

Предности на паметните кошнички

Има најразлични ситуации во кои линкот до паметната кошничка е најефикасниот начин да му понудите најдобра можна услуга на клиентот. На пример, ако корисникот е заинтересиран за секојдневни додатоци на исхрана или козметички производи, вие имате можност да му испратите линк до паметната кошничка во која претходно сте ги вчитале сите производи кои сакате да ги проба. Кога вашиот клиент ќе го отвори линкот, тој ќе види готов избор за неговите индивидуални потреби и преференци. Содржината на паметната кошничка е погодност и не е фиксна и вашиот клиент може да извади или додаде производи ако сака.

Кога правите нова паметна кошничка, имате можност да избирате од сите производи достапни на избраната страна. Ве молиме имајте предвид дека од различни причини, некои од производите кои се нудат во Македонија не се продаваат и во останатите држави од списокот во генераторот на линкови и паметни кошнички. Затоа не се грижете ако не успевате да најдете некој производ кога креирате однапред наполнета кошничка за клиент од друга држава – најверојатно предметниот производ не е достапен на избраниот пазар.

Што е паметна регистрација

Слично е на паметната кошничка, но наместо да избирате само конкретни производи за клиент, можете да креирате линк за регистрација на потенцијален соработник, ако во претходно припремената кошничка ставите СТАРТ ПАКЕТ или друга комбинација од производи со кои тој ќе се вклучи во вашиот тим. При креирање на линк до паметна регистрација, вие избирате дали станува збор за вклучување на преференцијален клиент или сопственик на Форевер бизнис. Кога ја испраќате генерираната врска на вашиот кандидат, тој ќе биде насочен кон кошничка со избраниот пакет или одделни производи и кога ќе продолжи да ги купи, сајтот ќе го води низ процесот на регистрација.

Предности на паметната регистрација

Паметната регистрација има големи предности пред стандардните линкови кои ги познавате. Иако тие го насочуваат потенцијалниот кандидат до страниците за регистрација на преференцијален клиент или СФБ, од него се очекува сам да избере или пакет или производи со кои ќе се вклучи. А паметната регистрација ви дозволува директно да му го предложите на кандидатот само тоа што го интересира или избраниот СТАРТ ПАКЕТ , ако потенцијалниот соработник сака да се вклучи како сопственик на Форевер бизнис. Тоа е големо олеснување за човек кој за прв пат е во веб продавницата и сѐ уште не се ориентира добро во неа.

Каде се креираат паметни кошнички и регистрации

Има две места каде можете да креирате линкови до паметни кошнички. Првото е во генераторот на линкови во личниот профил. Во него веќе има три дела меѓу кои можете да се движите. До генераторот можете да стигнете преку „Брзите линкови“ на страницата „Табло“ во профилот или од паѓачкото мени „Алатки“ во црната лента во горниот дел на екранот кога сте влегле во профилот.

Второто место на кое можете да правите паметни кошнички е со ставање на саканите производи во сопствената кошничка и да го изберете линкот „СПОДЕЛИ ЈА ОВАА КОШНИЧКА“ што ќе го видите над избраните производи.

Паметната регистрација е третиот дел во генераторот на линкови. Едноставно притиснете го копчето КРЕИРАЈ КОШНИЧКА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА и следете ги чекорите на екранот.

Во табелата во делот „Паметна кошничка“ ќе можете да следите колку пати вашите клиенти ги искористиле вашите линкови со попуст. Во колоната „Преостанати/Рок на важност“ е наведено уште колку пати може да се користи даден линк, а ако изберете „Види“ во колоната „Статистика“, ќе видите подетални податоци. Слична статистика има и за линковите до паметната регистрација.

Што се QR кодовите

Тоа е друга нова функција во генераторот на линкови. Таа го претвора врските кои ги создавате во него во QR кодови кои можат да се скенираат со смартфон и да го насочуваат корисникот до вашата веб продавница во foreverliving.com. Со иновативното решение можете да ги испраќате клиентите лесно кон паметните линкови, кошнички и регистрации кои ги креирате.

Можете да го покажете QR кодот од екранот на телефонот, мониторот на компјутерот, печатен материјал или да го испратите по мејл или порака. Потоа клиентот може да го скенира со камерата на мобилниот телефон и уредот ќе го насочи кон линкот програмиран во кодот.

Имате ли уште прашања?

Во горниот дел на генераторот на линкови има линк кон нова страница со често поставувани прашања која ќе ви одговори на многу дополнителни прашања. Побарајте ја реченицата „Научете повеќе за генераторот на линкови ТУКА“ и кликнете на означениот збор ТУКА . Одвојте време за да ги прочитате информаците на оваа страница, пред да започнете да ги правите паметните кошнички и регистрации.

Ние сме на располагање, ако не успевате да најдете одговор на вашето прашање таму.

Споделете со пријатели:

Нагоре