ФОРЕВЕР - вистински МЛМ
Дали сте слушнале терминот МЛМ да се употребува во комбинација со зборот „шема“ што му дава негативна конотација? Дали се соочувате со негативен однос кон мрежниот маркетинг кога разговарате со луѓето за Форевер? Па, време е да ги промениме овие стереотипи, бидејќи сѐ повеќе луѓе заработуваат дополнителни доходи, патуваат, се дружат и ги збогатуваат своите знаења и вештини благодарение на нивната работа во МЛМ.
Мрежниот маркетинг е можност на луѓе со ограничени ресурси да започнат сопствен бизнис и со упорност, трудољубивост и неуморна работа да го изградат до нивото на доходи што го посакуваат. Неговиот зародиш е во 1946 г. како рожба на директните продажби. Овој тип на бизнис не само што ги компензира партнерите за нивниот личен промет, туку и додава доходи за градење на мрежи од соработници. Принципот е генијален и многу од најстабилните фирми го користат, а ние во Форевер Ливинг Продактс се гордееме со фактот што сме една од најдарежливите МЛМ компании во индустријата!
Луѓето кои не го познаваат добро нашиот бизнис го мешаат вистинскиот мулти-левел маркетинг со „пирамида“. Во пирамидалните структури луѓето се надеваат да добијат доходи кои не ги заработиле или да профитираат убедувајќи ги другите да си ги инвестираат парите. Овие шеми се забранети во речиси сите држави во светот.

Ако добро ги разбираме фундаменталните разлики меѓу нелегалните пирамиди и целосно легитимната МЛМ индустрија, лесно ќе можеме да им ја објаснуваме очигледната разлика на потенцијалните соработници. Прво да ги опишеме карактеристиките на пирамидите.
Кај нив почетната инвестиција во форма на „такса“ е задолжителна – тоа е обично значителна сума со која си „купувате позиција во шемата“. На новите членови им се вели дека „нема потреба да продават ништо“, туку само да регрутираат нови луѓе за што ќе добиваат процент од таксите или инвестициите на нивните нови регрути. Ако сепак има некаков производ, тогаш неговата продажба е оставена во втор план. Не се става акцент на обука на членовите. Обично на почетокот таков систем стартува со многу голем обем, но пребрзо паѓа. Единствените кои профитираат се нејзините основачи и неколку други кои се вклучиле на почетокот. Сите останати ги губат вложените пари.

Да го споредиме ова со вистинската МЛМ можност понудена од Форевер. Не е потребна инвестиција при регистрација, а нашите сопственици на бизнис купуваат производи само кога имаат потреба за лична употреба или имаат порачки од крајни клиенти. Сопствениците на Форевер бизнис постојано се обучуваат преку средби и материјали, обезбедени од компанијата или од нивните спонзори. Продажбата на производи и заработката која ја носат се основата на бизнисот. Кога вклучуваме соработници во нашата мрежа, очекуваме и тие да си создадат сопствени клиенти кои ќе бидат задоволни од нашите висококвалитетни производи, редовно да ги користат и да ги препорачуваат. Ние не бараме од тие што се вклучуваат во Форевер да инвестираат пари за купување производи или за „купување“ на нивоа во маркетинг планот, напротив – нашата Деловна политика изрично е против тоа и истото подлежи на санкции. Резултатот е постојан раст, а не колапс. Доказ е над 46-годишната историја на нашата компанија. Во Форевер секој што работи напорно добива. А единствен начин нашите сопственици на бизнис да заработат е кога им помагаат на соработниците од својата мрежа прво тие да заработат!

Дистрибуцијата на производите во МЛМ е со помош на најефектниот пристап – оној на личната препорака и индивидуалната консултација. Преку редовна лична употреба сопствениците на Форевер бизнис сами се уверуваат во својствата на производите и градат верба и во нив и во компанијата. И таа им се заблагодарува со можност да си изградат сопствен бизнис кој ќе им носи дополнителни доходи. Методот привлекува претприемчиви луѓе кои не сакаат да зависат од шефови, туку претпочитаат да користат готов, разработен систем и поддршка, да имаат флексибилно работно време, како и да бидат праведно наградувани за нивниот труд.
Следниот пат кога некој ќе го помеша Форевер со пирамида, обидете се да му помогнете да ја разбере разликата. Вистинскиот МЛМ е најправедниот метод за дистрибуција на квалитетни производи од производителот до потрошувачот. Од самиот почеток оваа индустрија е една од најбрзо растечките и помогнала и продолжува да помага на безброј многу луѓе во целиот свет да заработат дополнителни доходи. Затоа бидете горди на МЛМ методот и најмногу на Форевер – најдобрата бизнис можност на светот!
Пирамида | МЛМ и Форевер |
Ветува доходи без работа | Се заработува од градење на мрежи од луѓе кои
консумираат производи и ги препорачуваат |
Задолжителна инвестиција/членска такса | Нема барање за инвестиции или такси |
Бонусите доаѓаат од инвестициите/таксите на новопривлечените членови | Бонусите се исплаќаат само на база на реално купени производи за лична употреба или за продажби на клиенти |
Не се става акцент на наоѓање на потрошувачи на производите, нема обуки за членовите | Партнерите на МЛМ компанијата се обучуваат и насочуваат да наоѓаат корисници за производите, за да ги снабдуваат со нив |
Брз колапс | Стабилен раст |
Заработуваат само основачите на шемата и оние кои први ќе се вклучат | Заработува секој што работи напорно и последователно, независно кога се вклучил |
Заработуваш од тоа што другите го губат | Се заработува само ако другите заработуваат |