Чисто и силно
Поддржете ги здравјето и виталноста со алое пијалаците на Форевер
Форевер е најголемиот производител и преработувач на алое вера во светот и со секое шише од своите препознатливи пијалаци ја оживува филозофијата „од растението до производот до вас“.
Алоето има голем потенцијал да го поддржи здравјето, а нашето се одгледува одржливо и се обработува со вештина и највисоки стандарди за квалитет, за да го храни телото. Од помош за варењето до поддршка за природната енергија, чистиот гел од внатрешноста на листовите на алое вера е во основата на сѐ што правиме во Форевер.
Долгогодишна историја и квалитет
Од 1978 год. Форевер е посветен на мисијата да ги предлага корисните својства на алое вера на луѓето во целиот свет. Нашата компанија има целосно затворен производствен циклус – ги поседуваме сите алое насади, производствени капацитети, оддели за истражување и развој, лаборатории за контрола на квалитет и канали за дистрибуција, за да гарантираме квалитет на секој чекор од процесот.
Гелот од алое вера на Форевер е сертифициран од Меѓународниот научен совет за алое, поддржан од нашиот Научен консултативен совет и може да се пофали со висок квалитет без компромиси во суровините, производството или истражувањата – ние правиме над 1,4 милиони тестови за контрола на квалитет секоја година.
Бербата и производството
Ангажманот на Форевер за бескомпромисен квалитет започнува од нашите полиња со алое насадите во Доминиканската република и Тексас, каде одгледуваме Алое барбаденсис Милер – најхранливата сорта. Секоја година одгледуваме просечно 40 милиони растенија.
Кога листовите се целосно созреани, тие се берат на рака, за да ја гарантираме нивната највисока ефикасност. Откако ќе биде внимателно измиен, секој лист рачно се филетира во нашите модерни преработувачки капацитети, за да се извади само чистиот гел од внатрешноста. Потоа, во рок од неколку часа, гелот се преработува асептично, со што се зачувува неговата свежина и корисни својства. Резултатот е хранлив и богат гел, подготвен за производство на пијалаци и козметика.
Производите
Пијалаците од алое вера на Форевер се изработени од чистиот гел од внатрешноста на листовите и не содржат конзерванси. По преработката тие се пакуваат во издржливи РЕТ шишиња од 50% рециклиран материјал. Без оглед кој вкус ќе го изберете, сите имаат подеднакво големи потенцијални придобивки, вклучително поддршка за дигестивниот тракт, имунолошкиот систем и природните нивоа на енергија.
Одржливи практики
Од самиот почеток, Форевер посветено ги следи принципите на одржливост и доброто управување со земјоделството при производството на своите производи. Долгогодишниот ангажман за еколошка одговорност вклучува американски и европски био сертификати за нашите растенија, одгледувани во Доминиканската република, и за гелот извлечен од листовите.
На нашите полиња „работи“ и стадо од три илјади кози, што обезбедува природно плевење и над 2500 тони природно ѓубриво годишно. Ова ја елиминира потребата од синтетички хербициди, пестициди и ѓубрива, а и го намалува еколошкиот отпечаток на земјоделскиот процес. Плус, водата со која се мијат листовите се рециклира и користи за поливање на насадите, а кората се враќа во почвата, за да ја збогати за идните реколти.
Пијалаците од алое вера на Форевер се хармоничен баланс меѓу природата и науката и ви ги даваат корисните својства на алоето во неговата најчиста форма. Преку одржливи практики, темелна изработка и посветеност на квалитетот, Форевер продолжува да ве дарува со виталноста на алое вера во секоја голтка.