Поддршка за очите во дигиталниот свет
Технологиите нѝ го подобруваат животот на многу начини, но денешниот дигитален свет не ги поштедува нашите очи. Луѓето поминуваат повеќе време од кога било пред екраните на компјутери, смартфони, таблети и телевизори. Овие модерни погодности имаат многу предности, но можат и негативно да влијаат на нашето здравје.
Скриените опасности од сината светлина
Спектарот на светлината е многу широк. Во безбедниот опсег е видливата светлина со помала енергија. На другиот крај е потенцијално штетната невидлива сино-виолетова и ултравиолетова светлина. Сината претставува видлива светлина со висока енергија, која се наоѓа во спектарот точно пред ултравиолетовата.
Сината светлина емитирана од екраните на дигиталните уреди продира длабоко во окото и води до краткотрајно напрегање, проблеми со фокусирањето и потенцијално долгорочно оштетување на структурата на ретината. Според истражувањата, сината светлина може да го наруши деноноќниот ритам и фазата на сонот позната како „брзо движење на очите“ и тоа најмногу кај луѓето кои користат дигитални уреди пред спиење.
Според истражувањето на Нилсен, возрасните поминуваат во просек по 11 часа дневно во интеракција со различни уреди. Тинејџерите се пред екраните 9 часа дневно, а децата од 8 до 12 год. просечно по 6 часа. Иако нема начин како да го избегнеме сѐ поголемото изложување на сината светлина од дигиталните уреди, има клинички проучен начин како да им помогнеме на очите да ја филтрираат и така да го намалат нејзиното дејство.
Иднината на додатоците за очи
Forever iVision™ е иднината на додатоците на исхрана за добар вид благодарение на клинички проучуваната состојка Lutemax® 2020, која ја издига грижата за очите на сосема ново ниво, бидејќи им помага да ја филтрираат и елиминираат сината светлина од дигиталните уреди, ТВ екраните и вештачките извори на светлина. Моќната состојка нуди прогресивна заштита на ретината и очното јаболко, особено на макулата, што обезбедува најјасен директен вид и управува со начинот на кој нашите очи ја перципираат бојата.
Каротеноидите имаат клучна улога за поддршка на здравјето на очите. Нашето тело не ги произведува и треба да ги обезбедиме во доволни количини преку балансирана исхрана. Но, повеќето режими на исхрана не ги покриваат препорачаните нивоа, затоа додатоците на исхрана за очи се добро решение.
Во повеќето додатоци за очи има само еден од трите неопходни каротеноиди – лутеин. Но, на очите им треба нешто повеќе за да ја добијат потребната заштита. Затоа Forever iVision™ со Lutemax® 2020 ги содржи трите важни каротеноиди – лутеин, RR зеаксантин и мезо-зеаксантин.
Тие ги штитат очите од оксидативен стрес и ја филтрираат сината светлина со внесување на хранливи материи во макулата. Според истражувањата, додавањето на овие каротеноиди не само што ја елиминира сината светлина, туку и помага во борбата со слободните радикали и може да придонесе за заштита од дегенерација на макулата поврзана со стареењето.
Освен Лутемакс 2020, Forever iVision™ содржи и екстракт од боровинки, витамини С и Е кои придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес и бета-каротин – нутриент кој го има во морковите и друга храна и придонесува за поддршка на нормален вид. Форевер ја зајакна моќта на бета-каротинот, додавајќи цинк кој има корисно дејство и придонесува и за нормалниот метаболизам на витаминот A и може да му помогне да стане по-биорасположлив.
Forever iVision™ е идеален секојдневен додаток на исхрана за адолесценти и луѓе на секоја возраст кои сакаат да го поддржат видот. Две гел капсули Forever iVision™ секој ден ќе ги обезбедат витамините, антиоксидантите, билките и научно прогресивните состојки за комплетна, современа поддршка на видот.
Комплетна поддршка за очите со Forever iVision™
Иднината на додатоците на исхрана за добар вид е тука со Forever iVision™. Вклучете ја револуционерната формула во секојдневниот режим за да ви помага за заштита од сината светлина, за закрепнување на очите по изложеност на силна светлина и за забрзување на обработката на визуелната информација. Овој додаток на исхрана од новото поколение има моќ да се бори со заморот и стресот на кои се подложени нашите очи во денешно време, бидејќи ги обезбедува сите потребни хранливи материи за поддршка на здравјето на очите.