15 причини да го пробате Форевер Ливинг Продактс

Форевер

Уште од своето основање пред 47 години Форевер Ливинг Продактс има холистички пристап кон развојот на своите додатоци на исхрана и на целиот асортиман на производи. Пазарот постојано наметнува „револуционерни“ производи кои за кратко време се претвораат во манија, но брзо исчезнуваат и тонат во заборав. Форевер не следи такви минливи моди, туку бескомпромисно се стреми кон постојано усовршување.

Тоа вклучува да сме во чекор со најсовремените научни откритија и истражувања, кои можат да доведат до развој на нови производи или до подобрување на постоечките рецептури, производство и пакување.

Основна исхрана

Производите на Форевер му обезбедуваат на организмот широк спектар на хранливи материи кои му се потребни за поддршка на неговата добра општа состојба. Филозофијата на компанијата вклучува бескомпромисно почитување на природата и изворите на храна што нѝ ги нуди. Природата нѐ дарувала со состојки како алое, омега-3 масни киселини и витамин С, на пример. Форевер ги усовршува технологиите за да ги испорача овие природни состојки на начин кој ја оптимизира нивната апсорпција во организмот и ги создаде ГЕЛОТ ОД АЛОЕ ВЕРА, ARCTIC SEA и ABSORBENT-С.

Корисно за секој систем во телото

Производите на Форевер се нешто повеќе од само алое. Нашиот комплетен асортиман покрива корисни хранливи материи со докажани способности за поддршка на оптималната функција на буквално секоја функција и процес во организмот.

Поддржано од науката

Буквално стотици научни студии покажуваат дека алое вера е една од најдобрите природни супер храни. Импресивниот број на студии ги поддржува и основните состојки во останатите производи од гамата на Форевер која е водечка во браншата.

Ненадминат квалитет

Благодарение на целосно затворениот производствен циклус, Форевер го спроведува концептот „од растението до производот до вас“. Чистиот гел од внатрешноста на листовите на алое вера е еден од основните извори на феноменалните производи. Ние ги поседуваме алое полињата, преработувачките капацитети, производството, лабораториите и дистрибутивните центри. Го следиме квалитетот од засадувањето на растенијата преку одгледувањето и рачното берење на листовите, преработката и производството, сѐ до крајниот производ. Така можеме да го гарантираме правилното исполнување на секој чекор од процесот, како и чистотата и ефикасноста на секој производ.

За добар имунитет

Алое пијалаците на Форевер нудат природна поддршка за имунолошкиот систем благодарение на полисахаридот ацеманан кој се содржи во алоето, како и на високата содржина на витаминот С кој придонесува за нормалната функција на имунитетот. Доста други додатоци на исхраната исто така ги поддржуваат одбранбените механизми на телото – FOREVER ACTIVE PRO-B , ABSORBENT-C , ALOETURM, IMMUNE GUMMY , ABSORBENT- D, BEE PROPOLIS , GARLIC- THYME, FOREVER DAILY , ARCTIC SEA , FOREVER IMMUBLEND и други.

Придонесува за добро варење

Производите од алое на Форевер имаат природни способности за чистење на дигестивниот систем, помагајќи му оптимално да ги апсорбира хранливите материи за тие да стигнат до крвотокот и преку него до секој орган и систем на кој им се потребни. Алоето е и храна за раст на корисните бактерии во цревниот тракт. Ако ги поддржите и со дневна доза од шесте соја на пробиотици обезбедени од FOREVER ACTIVE PRO-B , ќе му дадете оптимална поддршка на варењето.

Се бори со знаците на стареење

Првокласното алое вера и останатите научно докажани состојки во додатоците и козметичките производи на Форевер обезбедуваат градивни елементи за поддршка на здравјето на кожата и за борба против знаците на стареење.

Дентално здравје и хигиена

Се покажа дека алое вера е исклучително корисна за устата и непцата. Гелoт за зaби помага за поддршка на добра орална хигиена благодарение на чистиот гел од алое и прополисот. Двата вида нане во гелот за заби без флуор го освежуваат здивот.

Здрава контрола на тежината

Гелот од алое вера на Форевер и останатите производи природно му помагаат на телото да го чисти дигестивниот систем, што може да придонесе за поддршка на здрава тежина. Специјалните програми Форевер Ф.И.Т. – DX4 , C9 , F15 и Витал 5 се разработени врз таа концепција и можат да ви помогнат да ја контролирате тежината и да го промените начинот на размислување.

Градежни материјали за организмот

Аминокиселините се градежните елементи во телото и се неопходни за многубројни процеси во него. Во производите на Форевер ќе откриете различни аминокиселини за добрата состојба на организмот. Алое вера нуди 20 од потребните 22 аминокиселини за градењето на протеините, меѓу нив се седум од осумте незаменливи без кои телото не може. Производи како FOREVER LITE ULTRA, PLANT PROTEIN и ARGI+ ги надополнуваат овие клучни хранливи компоненти.

Минерали, витамини и микроелементи

Алое пијалаците на Форевер нудат многубројни важни за здравјето витамини, минерали и микроелементи, вклучително калциум, натриум, железо, калиум, хром, магнезиум, манган, бакар, цинк и витамини A, B1, B2, B12, C, E, фолна киселина и ниацин. Нашиот богат асортиман од научно развиени додатоци на исхрана се надградува врз широкиот спектар нутриенти за оптимална виталност. FOREVER DAILY е мултивитамин со ненадминлив систем за ефикасна апсорпција на состојките, а ABSORBENT-D ќе ви го обезбеди важниот за имунитетот витамин D во комбинација со антиоксидантот витамин Е. NATURE-MIN е богат извор на над 10 незаменливи минерали и микроелементи за здрави коски и заби.

Повеќе енергија

Производите на Форевер обезбедуваат клеточна храна која ја подобрува општата состојба на телото и ги зголемува нивоата на енергија.

Брзо и нежно олеснување

Алое вера е легендарно растение поради неговото брзо смирувачко дејство при лесни изгореници, исеченици, гребнатини или кожни иритации. Форевер ги доловува овие негови природни способности во производи за надворешна употреба како ALOE FIRST – лесна течност со висок процент алое во неговиот состав, комбинирано со прополис, алантоин и 11 внимателно одбрани билни екстракти за смирување на кожата. ALOE VERA GELLY е чист проѕирен гел со дејство најблиско до дејството на свежо откинат лист од растението.

Водечка позиција во браншата

Форевер Ливинг и „Алое вера – Америка“ се меѓу пионерите во алое индустријата. Денес, 47 години подоцна, Форевер е најголемиот производител и преработувач на алое вера во светот. Нашите насади во Доминиканската република и Тексас имаат над 40 милиони растенија од сортата Алое барбаденсис Милер, а многу од нашите производи се сертифицирани од Меѓународниот научен совет за алое.

Неверојатна бизнис можност

Впечатливата гама производи на Форевер е основа за бизнис можност со која обични луѓе можат да заработат дополнителни доходи и да постигнат поголема слобода во животот. Моделот е едноставен – задоволни од производите кои лично ги користат, тие ги споделуваат искуствата со блиски и пријатели, што е најдобрата реклама. Така, помагајќи им на другите да изгледаат и да се чувствуваат подобро, тие постигнуваат успеси и се самоусовршуваат.

Споделете со пријатели:

Нагоре