Моќта на алоето
Со векови алое вера е почитувана поради своите хранливи и смирувачки способности. Како најголем производител на алое во светот, Форевер го одгледува на сопствени полиња и рачно ги бере листовите. Тие потоа се мијат и повторно рачно се филетираат, за да се извлече само чистиот гел од внатрешноста.
Гелот од алое вера се преработува асептично во рок не поголем од шест часа, за да се сочува неговата свежина и ефикасност. Форевер ја доловува моќта на извонредното растение во своите производи за лична хигиена и нега на кожата, за да ви обезбеди решенија богати со алое за добар надворешен изглед. Грижете сѐ за телото од главата до петите со уникатните секојдневни производи на компанијата!
Гел за заби FOREVER BRIGHT
Одлично дополнение на секојдневниот режим за лична хигиена. Гелот за заби FOREVER BRIGHT е резултат на долгогодишни истражувања на стоматолози и научници. Иновативната паста без флуор комбинира алое вера со природни состојки за чистење на забите и освежување на здивот со арома на нане од комбинацијата на два природни растителни екстракти – од пеперминт и нане. Освен гелот од алое вера од нашите полиња, FOREVER BRIGHT содржи и прополис – две состојки кои придонесуваат за подобрување на состојбата на непцата и на усната шуплина.

Aloe Body Wash
Aloe Body Wash нежно и ефективно чисти. Формулата без сулфати има балансирано pH, за да ѝ помага на кожата да ја задржува влагата и да ја подобрува нејзината хидратација. Формулата е на база на гел од алое вера, комбиниран со витамините A, C и E. Природно извлечените состојки како арганово масло и хидролизирани естери од јојоба исто помагаат за омекнување на кожата. Богатата кремаста пена со топлиот мирис на шума, килибар и билки лесно се плакне, без да суши, за да се чувствувате освежени и негувани.

Aloe Body Lotion
Секојдневниот навлажнувач на телото ALOE BODY LOTION ја омекнува и измазнува кожата, без да ја остава мрсни траги. Формулата е богата со алое за здрав изглед на кожата, а натриум хиалуронатот помага за задржување на влажноста во неа. ALOE BODY LOTION е погоден за секого, а со маслото од макадамија богато со палмитолеинска киселина се издвојува како особено добар избор за сува или зрела кожа. Освен тоа има свеж мирис со лесни цветни ноти кои ќе ви се допаднат.

Aloe-Jojoba Shampoo
Погоден за секој тип коса и без сулфати, ALOE-JOJOBA SHAMPOO прави богата пена која лесно ги одмива нечистотијата и замастувањето. Неговиот сладок мирис на тропски плодови ги зајакнува сетилата, маслото од јојоба ја поддржува цврстината на косата, а чистиот гел од внатрешноста на листовите на алоето придонесува за влажност и сјај. Формулата му е дополнета со состојки како аргоново масло, витамин В5 и масло од шипка кои се нежни за скалпот и помагаат косата да изгледа здраво и меко.

Aloe-Jojoba Conditioner
Идеално се комбинира со ALOE-JOJOBA SHAMPOO и го има истиот свеж мирис. ALOE-JOJOBA CONDITIONER обезбедува длабока хидратација на косата и скалпот, помагајќи да се задржи влажноста со масла од јојоба, арган и шипки. Неговата лесна формула не содржи сулфати и е погодна за сите типови коса, бидејќи ја омекнува и измазнува. Основата од чист гел од внатрешноста на листовите на алоето со неговите 75 активни компоненти му помага на производот да го навлажнува скалпот и да го оживее природниот сјај на косата.
Овие производи за лична хигиена и нега на кожата ја прикажуваат неверојатната многуфункционалност на алое вера на најдобриот начин. Бескомпромисната посветеност на Форевер за висок квалитет гарантира дека производите кои ги вклучувате во секојдневниот козметички режим се стручно формулирани на база на чист гел од внатрешноста на листовите на грижливо и со љубов одгледано алое за да го нахранат целото тело.