Дали имунитетот е поврзан со возраста?

Форевер

Нема точен одговор на прашањето каде се наоѓа имунолошкиот систем. За разлика од другите органи како што се срцето или бубрезите, имунитетот нема прецизно место. Наместо тоа, тој претставува збир на одбранбени механизми, со помош на кои нашето тело се заштитува од негативните надворешни влијанија, но и од непријателите внатре во него.

Одбранбените механизми кои го сочинуваат имунолошкиот систем се наоѓаат низ целото нашето тело - тие циркулираат во крвта и лимфата, ги наоѓаме во сите органи и ткива. Ако функционираат правилно и кога нема што да ги испровоцира, тие се пасивни. Бидејќи имаат механизми да препознаваат туѓи и несакани материи и организми, кога ќе ги видат во телото, имунолошките клетки се активираат и дејствуваат против непријателот кој му се заканува на имунолошкиот систем. Основен градивен елемент на нашата одбрана се клетките наречени макрофаги, кои ги проголтуваат туѓите материи и исто така ги препознаваат и уништуваат оштетените клетки во нашите органи и ткива. Бројот на макрофаги варира во зависност од состојбата на нашето тело – многу е важно дали сме изморени, исцрпени од некоја друга болест или немаме доволно сон.

Вроден и стекнат имунитет

Имунитетот делумно е вроден, а делумно мора да се стекне. Кај новороденчињата тој е релативно слаб и постепено се акумулира кога одбранбениот систем периодично ќе наиде на разни микроорганизми и ќе изгради отпор кон нив. Процесот на запознавање со патогените микроорганизми е најактивен до тригодишна возраст, иако имунитетот продолжува да се развива до десеттата година.

За градење и зајакнување на имунитетот кај децата, потребни се одредени стимуланси. Буквално треба да биде изложен на разумна количина на напади, за да научи да се справи со нив. Дури и експертите се согласуваат дека умереното количество нечистотија го зајакнува имунолошкиот систем. Детските одбранбени сили од една страна се млади и брзо реагираат, но од друга страна се неискусни и првпат се среќаваат со повеќето болести, а некои може да им отежнат бидејќи не знаат како правилно да реагираат. Но, ако децата се воспитуваат во стерилна средина, имунолошките клетки немаат можност да научат да се борат против болестите, што во подоцнежна возраст се манифестира во форма на поголема склоност да се разболуваат.

За правилно и добро функционирање на имунитетот, на детскиот организам му се потребни избалансирани хранливи материи. Особено со почетокот на студените месеци кога вирусите не се контролираат, не е лоша идеја да го зајакнете имунолошкиот систем со комплексен мултивитамински производ како ФОРЕВЕР КИДС, кој обезбедува витални витамини, минерали, железо и фитонутриенти за добро општо здравје.

Како да ги поддржиме нашите одбранбени сили?

Во сезоната кога инфекциите на респираторниот тракт се чести, паметно е да се избегнуваат преполни простори. Инаку, меѓу главните методи за спречување на болести и градење на добро функционален имунолошки систем е здравиот начин на живот - соодветен внес на вода, храна богата со витамини, минерали, внесување на растителни влакна со умерено количество протеини, масти и шеќер.

Доволно движење, добар сон, редовен престој на отворено без оглед на временските услови, се исто така важни компоненти. Морскиот воздух е добар за оние кои живеат во близина на крајбрежјето. Не помалку важни се хигиената и редовното уредување, без разлика дали се во форма на контрастно туширање, сауна или умерено облекување. Исто така, премногу често забораваме дека покрај физичката активност нѝ треба и внатрешен мир. Ова се однесува и на децата кои сè уште го градат својот имунитет, но и на возрасните.

Дали повозрасните луѓе се поздрави?

Од статистичка гледна точка, најсилен имунитет треба да има зрелата личност чиј организам веќе не се развива и кој се придржува до веќе споменатите принципи. Но не е така. Малкумина од нас живеат навистина здрав и избалансиран живот. Во различен обем и комбинации или работиме премногу, или претерано одмараме, или претеруваме со спортот, или спортот отсуствува од нашето секојдневие, или спиеме многу малку или повеќе од потребното. И секако дека сме под голем стрес. Со сето ова го слабееме нашиот имунитет, а кога на списокот ќе се додадат разни болести кои дополнително го исцрпуваат, станува не само разумно, туку и задолжително да се поддржува со соодветни средства.

Форевер може да помогне со широк асортиман на висококвалитетни додатоци во исхраната на ПИЈАЛОЦИ СО АЛОЕ ВЕРА, кои ги испорачуваат сите корисни состојки на растението. Aloe Barbadensis Miller – најхранливата сорта што Форевер ја одгледува, обработува и внесува во своите производи, се покажа дека содржи најголема концентрација на сложените полисахариди со многу долг ланец, познати на научниците како бета-глукоманани или ацеманан. Според студиите, овие корисни состојки на алоето имаат многу корисни ефекти во телото, главно влијаат на гастроинтестиналниот тракт и имунолошкиот систем, кои се тесно поврзани еден со друг. Полисахаридите на глукоманан во лабораториски студии покажаа дека го зголемуваат бројот и ја активираат работата на имунолошките клетки. Тие ја олеснуваат апсорпцијата на патогени од макрофагите, а подобрувањето на нивната активност ја зголемува ефикасноста на целиот заштитен систем на телото.

За да ги надоместите можните недостатоци предизвикани од нездрави навики, можете да ги додадете и практичните таблети со широк спектар FOREVER DAILY, кои ќе ве наполнат со 55 микро и макронутриенти со револуционерен систем за оптимална апсорпција - комплекс од алое и олигосахариди. Комбинирајте ги со FOREVER ARCTIC SEA кое обезбедува совршено избалансирани омега-3 масни киселини, а FOREVER PRO-B ќе се грижи за состојбата на цревната флора со осум милијарди пробиотски бактерии од шест клинички докажани соеви.

Форевер има и вкусен додаток во исхраната специјално дизајниран за поддршка на имунолошкиот систем во форма на меки билни дражеи. FOREVER IMMUNO GUMMIES содржи вкупно 10 витамини, вклучувајќи ги Б6, Ц и Д, кои придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем. Витаминот Ц помага да се намали чувството на замор и ги штити клетките од оксидативен стрес. Го додадовме минералот цинк кој придонесува не само за работата на имунитетот, туку и за одржување на нормалната функција на коските, косата, кожата и ноктите.

А кога се сомневате на вирус, ставете ALOETURM хидрогел пастила во устата и оставете ја полека да се стопи. Новиот додаток содржи високо сварлива индиска куркума и повторно минералот цинк. Природниот полифенол куркумин во жолтиот ориентален зачин има и антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Според научните студии, тој има потенцијал да ја модулира активноста на клетките на имунолошкиот систем и да го подобри одговорот на антителата.

За да се справите со предизвиците карактеристични за студените месеци, секако може да ви помогнат и суплементите ABSORBENT-C, GARLIC-THYME и BEE PROPOLIS.

Богатиот, сигурен и квалитетен арсенал на производи на Форевер за поддршка на одбраната на вашето тело, ви стои на располагање. Искористете го тоа!


Производите за внатрешна употреба кои се опишани тука содржат витамини и минерали, кои придонесуваат за одржување на општото здравје, бидејќи помагаат за компензирање на дефицити од хранливи материи во организмот. Тие се додатоци на исхрана, не се замена за балансирана исхрана и не се наменети за превенција, дијагностицирање, третман или лекување на конкретна болест или класа од заболувања. Консултирајте сѐ со личниот лекар, ако страдате од некакво заболување.

Споделете со пријатели:

Нагоре