Пет начини да го подигнеме зимското расположение
Веќе извесно време во нашите географски ширини зимата веќе не е ниту толку мрачна, ниту толку студена, па расположението не нѝ страда премногу. Сепак, подолгите часови во затворен простор и пократките денови неизбежно влијаат на нас. Еве неколку совети како да се подготвиме за пролетта.
Јадете здраво
Дали сте забележале дека во текот на зимата често посегнуваме кон „утешителна“ и тешка храна? Многумина не се хранат толку здраво како во летото. Преработената и тешко сварлива храна не само што е сиромашна со нутриенти, туку и го намалува нивото на енергија. Еден од најдобрите начини да ја поддржите виталноста е да консумирате суперхрана како калинки, темно зелен лиснат зеленчук, тиква и… се рабира алое. Знаеме дека не е секогаш лесно, но еве неколку погодни и многу здрави идеи.
АРГИ+ е хранлив инстант напиток со богата содржина на закрепнувачката аминокиселина L-аргинин плус комплекс од витамини и овошни нутриенти, а FIELDS OF GREENS пак доставува витамини и минерали од природни зелени извори како и изобилство влакна. Комбинирајте ги со АЛОЕ ПИЈАЛАЦИТЕ на Форевер за оптимална апсорпција и дополнително корисно дејство на организмот.

Движете сѐ
Едвај има потреба да се наведат придобивките од редовното движење, но можеби треба да ве потсетиме на неговото влијание врз менталното здравје? Вежбањето е еден од најдобрите начини за ослободување од стресот и ефектот трае со часови после тоа. Ако пократките светли часови во зимата го нарушуваат вашиот спортски режим, зошто да не ги замените вашите активности со типично зимски опциии како лизгање на мраз, скијање, сноуборд или нордиско одење? Помогнете сѝ со BEE POLLEN кој го храни вашиот организам комплетно и ве исполнува со енергија од кошница.

Комуницирајте
Многу е лесно да се изолирате во темните зимски месеци и да чекате да се вратат долгите летни денови, но овој став е погрешен! Прифатете ги поканите од пријатели, не ги пропуштајте службените забави, сами организирајте вечерни собири дома.
Почестете сѐ со нов производ за добар изглед или лична хигиена и излезете во јавност! А за да се чувствувате навистина привлечно, израдувајте ја косата со NOURISHING HAIR OIL , а сетилата – со омилениот фин парфем ALOFA или MALOSI .

Одморете сѐ
Нашето зафатено секојдневие го акумулира стресот во нас и затоа е добро да му се спротивставиме со тоа што ќе одвоиме време за опуштање. Најдете кога да прочитате возбудлива книга, да медитирате или да си наполните топла бања. Релаксацијата може да го ублажи стресот, да ве смири, но и да ви даде енергија. Ако немате када дома, релаксирачкиот топол туш со шармантниот мирис на ALOE BODY WASH и дополнително хидратирање на кожата со ALOE LOTION ќе биде вистинско уживање за сетилата и ќе се почувствувате како по луксузна СПА процедура.

Излезете на сонце
Не е толку тешко колку што звучи, верувајте! Имаме потреба од сончевите зраци за да произведуваме витамин D и особено во зима треба да се трудиме да сме на сонце колку може повеќе. Наједноставната опција е да седиме близу до загреан прозорец кога можеме. Добро е да му дозволуваме на сонцето да допре колку е можно најголеми делови од кожата, како и да правиме петминутни прошетки преку денот. И најмалата работа помага! Треба да го добиваме важниот витамин D од сонцето, но кога тоа не е доволно во студената сезона, Форевер има одлично решение – ABSORBENT-D за оптимална апсорпција во кои 20 микрограми од сончевиот витамин се придружени од антиоксидантот- витаминот Е. Уживајте во добра заштита, здрави коски, заби и мускули во секоја сезона!