Совети за добар баланс меѓу работата и личниот живот

Форевер

Секој се обидува да постигне оптимален баланс меѓу работата и личниот живот. Тоа секако не може да биде константа, но може да се покаже доста важен фактор за нашиот внатрешен мир. Иако за овој баланс нема универзална формула, тука ви предлагаме неколку идеи кои можат да придонесат за вашата ефективност и на двата фронта.

Одредете ги вашите приоритети

Важно е да ги рангирате работите по опаѓачки редослед и јасно да го дефинирате приоритетот на секоја од активностите и задачите. Тоа не значи дека да речеме вашите средби со нови луѓе ќе бидат секогаш на прво место. Јасно е дека ситуацијата ќе биде динамична и во секој момент дадена сфера од вашиот живот ќе зазема различно место во вашиот список со приоритети, но важно е секогаш да знаете што е на прво место во моментот. Кога работите, си имате список со задачи кои исто се степенувани по важност, но не заборавајте дека тие си остануваат работни и не треба да ги носите дома или да се обидувате да го компензирате незавршеното преку ден со работа од дома. Семејството, пријателите, децата и одморот во никој случај не треба да страдаат од работните задачи.

Управувајте со вашето време

Бидете стриктни и дисциплинирани. Обидете сѐ да бидете фокусирани и да не ви го одвлекуваат вниманието секојдневните домашни задачи кога работите, и обратно – премногу работа дома ќе ви го одземе времето за одмор и семејството. Водете си дневник и планирајте сѐ. Добриот план е првиот чекор не само до успешно управување на времето, планирањето е еден од најважните чекори и за успех во бизнисот со Форевер.

Бидете флексибилни

Сите знаеме дека понекогаш работите можат да излезат од контрола и плановите да тргнат наопаку. Сепак на вас останува да ги преуредите вашите задачи и приоритети за да организирате сѐ повторно и да не дозволите вашите планови да пропаднат. Бидете флексибилни за да можете да реагирате во неочекувани ситуации.

Насмевнувајте се

Сите сакаме да сме секогаш добро расположени, да сме секогаш насмевнати и среќни. За жал, животот не е секогаш толку наклонет кон нас и понекогаш имаме и лоши денови. Можеме да гледаме на нив како на добар начин да ги вреднуваме убавите и да прифатиме дека постојат и лоши денови. А ако се потрудиме и во тие денови да сме позитивно расположени и да се насмевнуваме малку повеќе, тие ќе минуваат полесно.

Никогаш не се предавајте

Животот понекогаш е навистина тежок и совршениот баланс е недостижен. Сите знаеме дека ничиј пат не е исполнет само со пријатни моменти и најважното во секој аспект од животот е да не се откажуваме. Следете го вашиот план и не се откажувајте од целите. Никогаш! Ако во моментот не гледате напредок во вашиот Форевер бизниса, направете нешто лично за себе – прочитајте книга, разговарајте со Форевер лидер кого го почитувате, посетете курс за само-усовршување, уживајте во вашето омилено хоби и потоа повторно вратете се на планираните активности во вашиот Форевер бизнис, но никогаш, никогаш не се откажувајте.

Одморете се убаво

Квалитетниот одмор од работа и активен социјален живот е многу важен за добар баланс во животот. Одделете си време да не правите ништо – одмарајте на најдобриот начин за вас. Не дозволувајте да прегорите од работа и да изгубите мотивација и ентузијазам, бидејќи тие се основата на вашиот Форевер бизнис. Разгалете сѐ со омилените производи од алое и уживајте во времето одвоено само за вас.

Споделувајте ја секогаш и насекаде најдобрата бизнис можност на светот – Форевер!

Споделете со пријатели:

Нагоре