Зајакнување на здравјето и трансформирање на животот

Форевер

Не е тајна дека доброто здравје е најважно. Во современиот свет тоа е нападнато од сите страни. Лошо се храниме, не се движиме доволно, изложени сме на сѐ повеќе токсини и загадувачи, а нашиот начин на живот е бурен и стресен.

Раѓањето на Форевер Ливинг

Сето ова ја зголеми потребата да бараме решенија кои нудат поздрав живот и начини за одржување на добра општа состојба. Токму тоа го откри и Рекс Мон пред 46 години. Уште тогаш тој бил убеден дека во животот треба да има нешто повеќе од бурното секојдневие, постојаната борба да се врзе крај со крај, никогаш да не ти останат енергија и време да се радуваш на семејството.

Рекс се чувствувал сѐ позаробен и постојано се грижел дали ќе може да се грижи доволно добро за физичкото и финансиското здравје на блиските. Со години барал решение, но безуспешно. Затоа во мај 1978 год. решил да покани 43 луѓе на првата средба на Форевер Ливинг Продактс во Темпе, Аризона.

На таа средба Рекс предложил едноставна бизнис идеја на најблиските роднини и пријатели. Тој велеше: „Сакав да обезбедам докажани производи за здравје кои се консумираат редовно и се испорачуваат со личен пристап. Наместо да фрламе огромни пари за реклама, планот нѝ беше да го компензираме секој што има желба да го сподели личното искуство со производите со семејството и пријателите.“

Создавањето на алое индустријата

Првите производи на Форевер Ливинг ги носат природните корисни својства на алое вера, прочуено растение кое се користи илјадници години во традиционалната медицина во целиот свет. Во тоа време на пазарот имало само неколку производи со алое, но нивниот квалитет и дејство не биле гарантирани. По детални истражувања на својствата на растението, Рекс сфатил дека алое вера може да биде решението кое многумина го бараат.

Алое производите на Форевер брзо се етаблираат како водечки во индустријата и се првите кои го добиле печатот на Меѓународниот научен совет за алое. И денес тие се на врвот.„Реално погледнато, ние ја создадовме алое индустријата која денес е огромна – објаснува актуелниот извршен директор на компанијата и син на Рекс, Грег Мон. – И со развојот на многу висококвалитетни производи од алое ја задржавме водечката позиција на ова поле.“

Важен е и фактот дека гаранцијата за висок квалитет и ефикасност на производите од алое на Форевер Ливинг се должи на уникатната концепција на компанијата, наречена „од растението до производот до вас“. Тоа значи дека Форевер го поседува и контролира секој чекор од комплетно затворениот производствен циклус – од насадите со алое вера во Тексас и Доминиканската република, преку лабораториите и производствените капацитети, до логистиката и дистрибуцијата во светот. Квалитетот се проверува во секоја етапа и корисниците може да бидат сигурни дека производите се безбедни и многу ефикасни.

Светски лидер

Не изненадува што асортиманот на Форевер Ливинг се протега и надвор од алоето до широка гама на производи со по нешто за секој начин на живот и потреби. „Алоето е уникатно средство за баланс и добра општа состојба, но знаевме дека тоа може да се комбинира и со други состојки за да предложи уште повеќе решенија за виталност на корисниците“, споделува Грег Мон.

Како резултат на тоа, научниците и специјалистите на Форевер внимателно развија десетици производи за широк спектар на потреби. Растечката гама на производи придонесе за импресивен раст на самата компанија која работи во повеќе од 140 држави глобално. „Нашиот бренд е препознатлив во целиот свет, можеме слободно да се наречеме меѓународна компанија“, вели Грег Мон.

Трансформирање на животи

Освен што ги предлага едни од најдобрите производи за здравје и убавина на пазарот денес, Форевер Ливинг исто им нуди можност на луѓето да си го променат животот, со заработување дополнителни доходи и здобивање поголема слобода и повисок стандард. Внимателно разработениот компензационен план, придружен од многубројни дополнителни бонуси, награди и можности за патувања, ја прават Форевер бизнис можноста особено привлечна.

Освен што имаат можност да го подобрат сопствениот живот, партнерите на Форевер можат да им помагаат и на луѓе во незавидна положба со донации преку хуманитарната организација фондација Рекс Мон Форевер Гивинг. Активноста на фондацијата се фокусира на помош за жени и деца. Нејзиниот сегашен проект е во партнерство со невладината организација charity water, посветена на обезбедување на чиста и безбедна вода за пиење на заедници во земјите во развој. Организацијата има транспарентен модел на работа и испраќа 100% од јавните донации директно на теренот за финансирање проекти за одржливи водоснабдување во области со најголема потреба во соработка со локални партнери. Од 2006 год. CHARITY WATER финансираше 65.000 проекти за вода за пиење во светот, кои помогнале на над 12,7 милиони луѓе да добијат пристап до чиста вода и хигиена.

Посветеност кон иднината

Пред повеќе од 46 години Рекс Мон сакаше да им помогне на роднините и пријателите да имаат подобро физичко и финансиско здравје. Денес неговиот сон дава плодови кои далеку ги надминуваат очекувањата, бидејќи милиони луѓе во целиот свет уживаат во производите и бизнис можностите предлагани од Форевер. Денешните раководители на компанијата го надградуваат започнатото од Рекс и велат дека неговата посветеност е сѐ уште водечка. „Нашата првобитна визија беше да му помогнеме на светот со производите и компанијата, што несомнено го постигнавме – вели Грег Мон. – И цврсто сме решени да продолжиме да им предлагаме на луѓето можност да си ги трансформираат животите. Дојдете и вие во семејството на Форевер!”

Споделете со пријатели:

Нагоре