Правилен став за успех

Стефан и Тања Стаеви

Во денешно време е вистински предизвик да го насочиме вниманието на една работа и да бидеме продуктивни подолг временски период. Околу нас има стотици работи кои го одвлекуваат вниманието, а работата често не се завршува навреме.

Загрижени за скратените рокови, започнуваме да делуваме хаотично и неефикасно и си правиме дополнителен стрес. Сите можете да заклучите до какви резултати води таквата состојба, нели? Веројатно многу добро знаете и како би можеле да го избегнете, но некако сѐ уште не ви оди. Ве разбираме, бидејќи тоа е дел и од нашето секојдневие. Затоа решивме да споделиме како ние ја перципираме ситуацијата и се обидуваме ефективно и корисно да го користиме времето.

Наречете го став или однос, како ви звучи подобро, но мислиме дека правилниот став е клучниот елемент. Нашиот став игра исклучително важна улога за усвојувањето на нови знаења, за подобрувањето на вештините и за добро завршената работа. На почетокот на годината сите си поставуваме смели и инспиративни цели за претстојните 12 месеци и имаме цврста намера да ги исполниме сите до една. Како што одминува времето, некои цели отпаѓаат, други воопшто не успеваме да исполниме. Постепено се демотивираме и опуштаме, бидејќи секако го испуштивме правецот оваа година… На крајот следи биланс на состојбата, нови цели и цврста одлучност за активно дејство. И така се наоѓаме во затворен круг на (не)делување со спорадични пикови, кога сепак ќе успееме да завршиме некоја од зацртаните цели. И потоа пак се враќаме во светот на добро познатото „што ќе биде, ќе биде“.

Со правилен став можеме да бидеме и попродуктивни, и поефективни, а како резултат на тоа, и многу мотивирани. Што нѝ значи ставот? Неговите три компоненти се размислување, дејства и став. На почеток, ставот се гради со тек на времето и е предодреден од образованието, околината, искуството, но е динамична величина која подлежи на промена под влијание на различни фактори. Ако работите во етичко опкружување какво што имаме во Форевер и сте опкружени со позитивни луѓе какви што среќаваме во нашата компанија, и имате желба да ги надградите вашите знаења и вештини, тогаш и вашиот однос кон работата, комуникацијата и животот воопшто ќе биде во хармонија со вашиот став за успех. Инвестирајте ја вашата енергија во создавање и градење позитивен став кон вашите обврски, кон луѓето околу вас и кон животот воопшто. Претставете си колку корисно ќе се одрази тоа и на вашиот бизнис со компанијата! Нашата работа е нераскинливо поврзана со луѓето и освен многу нови партнери, ќе стекнете уште повеќе пријатели.

Развијте став „ЈАС МОЖАМ“ , оценувајте го вашиот придонес и постигнувања секојдневно, правете го тоа и за другите, живејте во сегашноста и користете го времето за создавање на вредност. Имате безусловна гаранција за успех од нас! А чисто практично би ги сумирале советите вака…

  • Правете си план.
  • Подредувајте ги задачите по приоритети.
  • Одредете време за работа и одмор. Не ги занемарувајте вашите хобија, времето за семејство и пријатели, времето лично за вас. Балансот секогаш е најдобриот пристап.
  • Прифатете поголеми и посмели предизвици. Ако се справите само со еден таков предизвик, ќе добиете самодоверба за уште десетици, а ситните дури и ќе ги занемарите.
  • Не се жалете, нема смисла да се оптоварувате себе си и другите.
  • Не критикувајте, бидејќи создавате негативен внатрешен став и сличен однос.
  • Фокусирајте сѐ на вашите силни страни и искористете ги. Да се обидувате да ги поправите вашите слабости по секоја цена е чисто губење на време.
  • Не се споредувајте со другите, многу поефективно е да се обидете да се надминете себеси.
  • Споделувајте и не се плашете да барате помош.
  • Помагајте и вие. Тоа ќе ви донесе внатрешно задоволство, благодарност и нов партнер во бизнисот со Форевер.

На крајот, ќе го парафразираме Далај Лама – вашето време на оваа планета е кратко, користете го паметно помагајќи им на другите секогаш кога можете.

Да бидеме корисни за себе и другите оваа година. Кога повторно ќе дојде време за резиме, ќе ги имаме надминато сопствените очекувања!

Засекогаш Ваши,

Стефан и Тања Стаеви

Генерални директори на Форевер Бугарија и С. Македонија

Споделете со пријатели:

Нагоре