Хармонична нега на кожата

Холи Стаут, потпретседател за развој на производи на Форевер

Во потрага по сјајна и здрава кожа, постигнувањето рамнотежа помеѓу хидратацијата и навлажнувањето е клучен фактор. Формулата на кремот за длабока хидратација на Форевер е насочена кон двете, помагајќи ви да ја одржите добрата состојба на вашето лице.

Стаут, потпретседател на Форевер за развој на производи со над 20-годишно искуство во формулирањето на козметика за кожа и коса, како и на додатоци на исхрана, сподели зошто кремот за длабока хидратација е идеален за сите типови кожа.

Која е ползата од кремот за длабока хидратација?

Кремот за длабока хидратација е раскошен производ, создаден за дехидрирана кожа од секој тип. Водата во нашата кожа постојано се намалува заради трансепидермалната загуба на влага и овој процес се забрзува со возраста. Кремот за длабока хидратација се справува со овој проблем така што доставува влага длабоко во површинските слоеви на кожата преку мешавина од моќни навлажнувачи кои лесно се апсорбираат и затоа е погоден и за дневен, и за ноќен крем.

Како се роди идејата за производот?

Потрошувачите обично сметаат дека густите креми се многу тешки и затоа се наменети исклучиво за сува кожа. Нашиот тим за дерматолошки истражувања и развој откри можност да создадеме густ крем за моќна хидратација и навлажнување, погоден за сите типови кожа, кој истовремено не ги затнува порите и не создава дополнително несакано чувство на маснотија.

Дали има разлика меѓу хидратација и навлажнување?

Да, кога целта е да се спречи чувството на сувост или дехидрација кај сите типови кожа, важно е да се напомене дека хидратацијата и навлажнувањето се две различни работи. Хидратацијата е поврзана со содржината на вода во површинските слоеви на кожата, а навлажнувањето – со присуството на липиди или масла.

По што се разликува кремот за длабока хидратација од другите слични производи на пазарот?

Најдоброто решение за убава и здрава кожа е да имаме состојки кои вршат и хидратација и навлажнување, но сепак многу од козметичките брендови ги фокусираат своите производи само на едното, бидејќи е скапо да се комбинираат и двата вида состојки во функционални и ефективни нивоа. Во Форевер, нашата цел е да ѝ го обезбедиме на кожата точно тоа што ѝ е потребно и затоа вклучуваме и хидратација, и навлажнување во нашите козметички производи за лице, меѓу кои е и кремот за длабока хидратација.

Кој е вообичаен мит за хидратантите за лице?

Честа заблуда е дека на мрсната кожа не и е потребна хидратација, но вистината е дека нашата кожа може да е дехидрирана независно дали е сува, комбинирана или мрсна. Причината за ова е што секој тип кожа има потреба од вода. Кремот за длабока хидрација изобилува со навлажнувачи и брзо се впива во кожата, без да остава мрсна завршница.

Кои се некои од клучните состојки?

Гелот од внатрешноста на листовите на алое вера ја снабдува кожата со хранлива природна влага, додека навлажнувачките компоненти како пропанедиол и метил глюцет-20 ја складираат достапната вода, за да ја подобрат хидратацијата. Серамидите го дополнуваат моќниот ефект на алоето со своите регенеративни својства, за да ја подобрат структурата и еластичноста на кожата.

Додавањето на екстракт од кора од бор, кој содржи антиоксиданси кои се борат со факторите на стрес на околната средина, ѝ помага на кожата да го одржи својот колаген и ѝ дава младешки изглед. Друга моќна состојка – палмитоил трипептид-5, е пептид за измазнување на брчките кој помага да се подобри изгледот на текстурата на кожата.

Како маслата во кремот за длабока хидратација го поддржуваат здравјето на кожата?

За да биде од корист за сите типови кожа, кремот содржи масла од макадамија и сончоглед, кои обезбедуваат навлажнување. И двете содржат масни киселини кои ги наоѓаме во липидите на површината на кожата и овозможуваат останатите состојки подобро да доставуваат влага и да задржуваат вода. Благодарение на нивниот уникатен состав, кремот лесно се впива без чувство на маснотија. Доволно е хранлив за луѓе со сува кожа, но не е премногу тежок за луѓе со мрсна кожа.

Споделете со пријатели:

Нагоре