Како размислуваат вистински успешните луѓе

Форевер

Луѓето кои постигнуваат импресивен успех размислуваат поинаку од другите. Еве неколку примери за тоа кои верувања ги поттикнуваат успешните луѓе.

Јас ги избирам луѓето околу мене

Некои ваши соработници ве излудуваат, тешко ви е да комуницирате со одредени клиенти, имате себични пријатели кои само ве користат и ве оптоваруваат. Вие сами си ги избирате. Ако луѓето околу вас ве угнетуваат, тоа не е нивна вина. Тие се дел од вашиот професионален и личен живот, бидејќи сте ги привлекле кон себе и сте им дозволиле да останат.

Размислете со каков тип луѓе сакате да работите. Какви клиенти со задоволство ќе услужувате? Со какви пријатели сакате да сте опкружени? Потоа променете го вашиот пристап за да започнете да привлекувате такви поединци. Добрите луѓе сакаат да комуницираат со други добри луѓе. Извонредните соработници сакаат да работат со извонредни лидери. Успешните природно се привлечени од други успешни.

Времето не ме исполнува мене, туку јас го исполнувам времето

Временските рамки и крајните рокови определуваат параметри, но не се секогаш корисни. Просечниот човек кој има две седмици да заврши дадена задача, инстинктивно го распределува трудот така што реално ќе му требаат две седмици.

Поставете си крајни рокови за да сте организирани и да избегнете одолговлекување, но не го управувајте бизнисот само врз основа на нив. Секоја задача треба да одзема толку време, колку што е потребно за нејзиното завршување. Правете сѐ колку е можно побрзо и поефикасно. Обичните луѓе дозволуваат времето да им ја наметне својата волја, а извонредните личности ја наметнуваат својата волја на времето.

Никогаш не ја завршив мојата работата

Работата никогаш не се работи во минато време. Таа се врши секој Божји ден. Единствената вистинска мерка за вашата лична вредност е вашиот опиплив секојдневен придонес. Без оглед што сте направиле или постигнале досега, никогаш не сте преголеми за да ги засукате ракавите, да се извалкате и да ја завршите валканата работа. Нема неблагодарно, неквалификувано или досадно занимање. Забележително успешните луѓе никогаш не се чувствуваат избрани од Бога.

Неуспесите не се нешто што едноставно ми се случува, тие се мое дело

Прашајте некого зошто успеал. Неговиот одговор ќе биде полн со лични заменки – „јас“, „мене“, „моите“ и само тук-таму ќе има по некое „ние“. Прашајте ги зошто не успеале и повеќето од нив ќе се вратат во детството и инстинктивно ќе се истакнат како детето кое лелека: „Играчката ми се скрши…“, наместо: „Ја скршив играчката.“ Ќе ви објаснат дека економијата е во застој, дека пазарот е мал, дека луѓето не се подготвени за мрежен маркетинг. Ќе посочат некого или нешто друго. И со тоа што се истакнуваат на овој начин, тие не учат од своите грешки.

Понекогаш нешто вон вашата контрола ќе ве сопне. Но во повеќето случаи вината е ваша, и нема ништо лошо во тоа. Секој успешен човек поминал низ многу неуспеси. Повеќето од нив не успеале многу повеќе пати од вас. Токму затоа сега се успешни.

Поздравете ги неуспесите, признајте дека се ваши, учете од нив и преземете одговорност дека следниот пат работите ќе се одвиваат поинаку.

Вложувам повеќе труд од останатите

Сите велат дека вложуваат дополнителен труд, но речиси никој не го прави тоа навистина. Многумина кои се трудат повеќе од другите, се наоѓаат на место каде се сосем сами и си велат: „Чекај малку… тука нема никој друг… зошто го правам ова?“, се вртат и повеќе не се враќаат. Но, овој навидум празен простор всушност е полн со можности.

Започнувајте со работа порано, завршувајте подоцна. Направете уште еден телефонски повик. Напишете уште еден мејл. Истражувајте уште подлабоко. Помогнете на уште еден клиент. Не им кажувајте само на вашите соработници што да прават – покажувајте им и работете рамо до рамо со нив.

Секој пат кога правите нешто, размислете и за дополнителното што може да го додадете. Особено ако другите не го прават токму тоа. Да, тешко е, но ќе ве издвои. И со време ќе ве одведе до големиот успех!

Споделете со пријатели:

Нагоре