Како да го подигнете моралот на вашиот тим

По материјали на Форевер Велика Британија

Велат дека студените месеци од годината се особено депресивни. Во западната традиција дури и се слави најдепресивниот ден во годината – третиот понеделник од јануари, кој оваа година се паѓа на 15-ти. Кај нас многубројните јануарски имендени донекаде го одржуваат расположението, но долгите ноќи, студот и маглите сепак можат да нѐ обесхрабрат и моралот во нашиот тим да опадне. Сепак, има многу начини да го подигнете и да всадите верба и ентузијазам кај вашите соработници. Еве неколку идеи од нас.

Моќта на малите гестови

Честопати е доволен само мал гест за да го подигнете моралот на човек од тимот во мрачните зимски денови. Такви мали нешта не одземаат многу време, но можат значително да му го разведрат денот. Некои идеи за ширење на љубовта во тимот се да изведете соработник на ручек, да му подарите цвеќе, да му кажете добар збор или да го охрабрите да ги следи своите соништа.

Организирајте тимски состанок

Повеќето градители на мрежа работат од дома, што не е проблем додека не започнете да се чувствувате изолирани и откинати од тимот. Зошто не организирате настан надвор од канцеларијата – на кафе или пак вечерна средба во пицерија или друго место? Такви настани помагаат за сплотување на тимот и градење на поубави меѓусебни односи.

Оддадете признание за постигнувањата

Луѓето многу сакаат да добиваат признание за вложениот труд, а пофалбите и наградувањата пред публика можат значително да го подигнат моралот на вашите соработници. Постигнувањето може да е ново ниво во маркетинг планот, квалификација во програмата за стимулирање или добивањето на чек од Chairman’s Bonus – независно колку голем или мал е успехот, признанието ќе ја поткрепи нивната самодоверба и ќе ги мотивира да продолжат напред. Сепак, споделеното одбележување на постигнувањата е тоа што прави Форевер бизнис можноста да биде посебно занимање.

Инспирирајте ја вашата мрежа

Моќен тим се гради со инспирација и еден од начините да го постигнете тоа е ако ги применувате вашите идеи во пракса. Спонзорирањето е добар почеток, па зошто не му покажете на вашиот тим што всушност може да се постигне? Кога им покажувате, наместо да им кажувате, ќе ги инспирирате за дејство.

Друг начин да го инспирирате вашиот тим е да ги пренесувате личните искуства. Кога ги споделувате личните искуства, градите подлабока врска со нив и помагајќи им на другите, вашиот бизнис само ќе расте.

Концентрирајте сѐ на нивните цели

Добриот лидер ги прашува соработниците какви се нивните желби, цели и зошто се тука. Во Форевер се фокусираме на вредностите споменати во нашата мисија – да создаваме компанија во која ќе напредувате и смело да ве водиме кон постигнување на вашите мечти. Ако сѐ уште не сте го направиле тоа, замолете ги луѓето од вашиот тим да си ги напишат желбите, да ги разложат целите на помали чекори кои можат да ги постигнат секој ден.

Напомнете им дека Форевер е нешто повеќе од работа

Кога Рекс ја создал Форевер во 1978 год., мотивот му бил да им обезбеди на своите пријатели и блиски подобар квалитет на живот, што значеше создавање на мрежна компанија со високо квалитетен бизнис модел, супериорни производи и можност за доходи, способна да менува животи. Секоја година можете да погледнете наназад и да размислувате за луѓето чиј живот сте помогнале да се промени, и за надежта што сте им ја дале на оние кои пронашле нов пат преку Форевер.

Споделете со пријатели:

Нагоре