Поздрави празници

Форевер

Нова година и Божиќ. Време за семејството, празнични забави и… прејадување со храната. Со такво изобилство од искушенија во ова време на годината, знаеме дека е тешко да го одржуваме здравиот начин на живот.

Но, има много лесни начини за малку да ги прилагодите вашите омилени празнични задоволства за да не му наштетите на телото си, без притоа да се лишувате од вкусните задоволства.

Домашно приготвена храна

Во сезона на забави и празничните дружења, солените и слатки залаци се задолжителни на масата. Многу од готовите варијанти што може да ги купиме од продавница се вкусни и удобни, бидејќи нѝ заштедуваат време, но често содржат сериозни количини рафиниран шеќер, конзерванси, обојувачи и транс масти. Ако сами ја приготвувате празничната храна, ќе знаете што точно содржи. Кога сами ги контролирате состојките, може да бидете сигурни дека храната е чиста и корисна. Кога приготвувате нешто слатко, можете да го замените шеќерот со здрави алтернативи како ПЧЕЛЕН МЕД ФОРЕВЕР, стевија, еритритол, ксилитол, сируп од агаве, кокосов шеќер и др.

Слатка замена

Кутиите со чоколадни бонбони и слатки често се многу примамливи и човек тешко се воздржува да не посегне по нив. Зошто да не ги замениме со поздрави задоволства? Наполнете голем украсен сад со разновидни сушени плодови и јатки како бадеми, ореви, лешници, ф`стаци, суво грозје, суви кајсии, смокви и брусници за природна сладост со вистински празничен изглед! Суровите јатки можете да ги испечете, но без сол, ако повеќе ги сакате печени.

Преминете на природно чоколадо

А ако сепак не можете да одолеете на чоколадото, тогаш заменете го млечното со црно чоколадо со најмалку 70% какао. Црното чоколадо има богат и интензивен вкус и многу помалку додаден шеќер. Суровото какао содржи и високи нивоа железо, магнезиум и антиоксиданти, што го прави идеално за празнично уживање. Разгледајте ги и полиците со диетална и здрава храна во маркетите, ќе најдете варијанти на природни чоколади засладени со алтернативи на шеќерот.

Здрави слатки

На Нова година и Божиќ мириса на тиквеник. Повеќето од неговите состојки како тиква, ореви и цимет се хранливи и корисни, но можеме да го направиме уште поздрав, ако наместо шеќер, го засладиме со јаворов сируп, комбинација од стевија и еритритол, а зошто не и со ПЧЕЛЕН МЕД ФОРЕВЕР? Заменете ги стандардните кори со интегрални за да биде уште подобро за телото. И не заборавајте дека колку и да е вкусен и не го оптоварува организмот, не е добра идеја да претерате со консумација!

Намалете ги празничните пијалаци со шеќер.

Кога помислуваме за слатки искушенија, обично се концентрираме на печива и бонбони, но лесно ги пропуштаме сите вкусни новогодишни пијалаци од кои некои содржат доста шеќер. Но нема потреба да се лишуваме од тоа задоволство ако припремиме атрактивни безалкохолни коктели!

Инспирирајте се од рецептите подолу. Доста од нивните состојки, вклучително АЛОЕ БЕРИ НЕКТАР, содржат многу витамин С, кој придонесува за намалуване на чувството на замор.

Бери нектар мохито.

Состојки за 1 чаша

+ ½ лимета

+ неколку листови нане

+ 50 мл АЛОЕ БЕРИ НЕКТАР

+ 150 мл сок од брусници

+ газирана вода по вкус

+ лед

+ пресни брусници за украс

Исечете тенко парче од најширокиот дел на лиметата. Потоа исцедете го сокот од останатата половинка во мал бокал. Додадете ги листовите нане и малку АЛОЕ БЕРИ НЕКТАР и измешајте, нежно ситнејќи го нането. Истурете ја смесата во висока чаша.

Додадете лед и одозгора сипете го остатокот АЛОЕ БЕРИ НЕКТАР и сокот од брусница. Внимателно измешајте.

Дополнете со газирана вода и сервирајте со свежите брусници и закачете парче лимета на работ на чашата.

Пенливи брусници

Состојки за 1 чаша

+ 50 мл АЛОЕ БЕРИ НЕКТАР

+ 50 мл сок од брусници

+ 75 мл сок од портокал

+ газирана вода по вкус

+ замрзнати брусници за украс

Измешајте АЛОЕ БЕРИ НЕКТАР со двата овошни сока. Долејте газирана вода и послужете го наросено со замрзнати брусници.

Ако претпочитате топли пијалаци, пробајте ја оваа рецепта:

Ароматичен греан сајдер

Истурете го сајдерот и медот во голем сад. Додадете ги ќесичките чај во смесата. Загрејте на умерен оган и гответе додека сајдерот се загрее, но не да врие – меѓу 5 и 10 минути. Тргнете го садот од шпоретот и извадете ги ќесичките чај. Сипете го сајдерот во големи чаши и додадете парчиња цимет по желба.


Нова година и Божиќ е време за задоволства, а овие едноставни идеи за поздрава храна и пијалаци се одлични да уживаме во празничните дружења, без да го оптоваруваме телото со непотребни работи.

Споделете со пријатели:

Нагоре