Градежните елементи на вашиот бизнис

Форевер

Форевер нуди многу возбудливи бонуси и програми за секој што има желба да работи здраво за развивање на бизнисот. Првиот чекор кон нивно постигнување е месечната активност со 4 бода. Да видиме зошто тоа е толку важно за создавањето на стабилен доход од Форевер, а исто и како се постигнува.

Да генерирате по ЧЕТИРИ БОДОВИ месечно е во основата на маркетинг планот на Форевер. Четирите лични бодови се основните градежни блокови за одржлив и доходовен бизнис. Нивното реализирање ве стимулира да ја зголемите гамата производи кои ги користите, како и да развивате круг од крајни клиенти. Со постигнувањето на месечната активност ја завршувате првата фаза од развојот на својот бизнис.

Одржлива иднина

Месечната активност со 4 б. има многу долгорочни придобивки, а насочувањето на вашиот тим да го прави истото ќе ви донесе уште повеќе средства. Претставете си дека секој месец привлекувате во вашиот тим по двајца нови соработници и ги учите да реализират по 4 б. За два месеци ќе ве дели само еден бод од ниво Супервизор! Ако развиете тим од 15 луѓе и го инспирирате секој од нив редовно да биде активен со 4 б., ќе бидете на половина пат до ниво Менаџер, а вашиот месечен бонус ќе надмине 500 евра.

„Активноста со 4 б. е особено важна, бидејќи е единственото нешто кое Форевер го бара од нас да го правиме,“ објаснува Сафир Менаџерот од Велика Британија Енди Воринг. „Активноста е важна за секој што сака да изгради сериозен бизнис, бидејќи дава пристап до лидерските и бонусите од група. Клучно е човек да научи како да реализира по 4 б. месечно од самиот почеток.“

Ако не правите по 4 б. на месец, вие ќе заработувате само од личен бонус и од профитот од продажби на крајни клиенти, но ќе се лишите од остварените бонуси од вашата мрежа. А и нема да се квалификувате за ниедна од нашите дополнителни програми и иницијативи, вклучително и долгорочната програма за стимулирање која ви обезбедува до 800 евра дополнителна месечна премија, како и програмите Chairman’s Bonus и Менаџер ОРЕЛ. Само градењето на навика за генерирање на основа од 4 б. ќе ви ја отвори вратата за многу награди и стимулации кои инаку би биле недостижни.

„Кога сте на самиот почеток на градење на свој бизнис, треба да се фокусирате на две клучни цели,“ додава Енди. „Едната е да се издигнете до ниво Супервизор колку може побрзо – по можност уште во првите два месеци. А другата е да се создаде основа за влегување во „Лидерски клуб 4 б.“ Особено е важно сопственикот на Форевер бизнис да е активен со 4 б. уште првиот месец во Форевер. Така ќе може да ја добие значката за прво ниво во „Клуб 4 б.“ уште на третиот месец.“

Постигнувањето на тој клучен услов би значело дека вашиот бизнис ќе продолжи да биде доходовен и во иднина. Прекрасно е да вклучувате нови соработници во вашиот тим, но ако секој од нив не ја генерира основата од 4 б. секој месец, вашиот бизнис не би се развил во долгорочен, одржлив и сигурен извор на средства.

Реализацијата на тие 4 б. може да биде на неколку начини.

Лична употреба

Може да постигнете активност со 4 б. месечно ако купувате производи кои вие и вашето семејство ги користите во секојдневниот живот. Ако ги замените сите производи во домот со соодветни од Форевер, не само што ќе се приближите до целта, туку и ќе се чувствувате и ќе изгледате прекрасно.

Спонзорирање

Вклучувањето на нови соработници во вашата прва линија исто може да придонесе за генерирање на активноста со 4 б., особено ако тие го започнуваат бизнисот со пакет за два бода.

Продажба на мало

Активност со 4 б. можете да правите и со помош на база од редовни клиенти кои купуваат производи од вас секој месец.

Комбиниран пристап

Со растот на вашиот бизнис ќе можете да реализирате по 4 б. секој месец, комбинирајќи ги наброените методи.

Не заборавајте да го инспирирате вашиот тим со испраќање на мотивирачки идеи и совети како и тие да ја постигнат целта наречена 4 б.

Патот до Лидерски клуб 4 б.

Прво ниво

Активност со најмалку 4 б. во три последователни месеци. Погледнете ги имињата на најновите квалификувани на тоа ниво.

Второ ниво

Активност со најмалку 4 б. во шест последователни месеци. Погледнете ги имињата на најновите квалификувани на тоа ниво.

Трето ниво

Активност со најмалку 4 б. во 12 последователни месеци. Погледнете ги имињата на најновите квалификувани на тоа ниво.

Споделете со пријатели:

Нагоре