Поддршка од внатре

Форевер

Погледнете како Forever Active Pro-B ja поддржува дигестијата и одбранбените механизми на вашиот организам.

ФОРЕВЕР АКТИВ ПРО-Б e уникатна комбинација од пробиотици и пребиотски влакна, развиена за поддршка на дигестијата и имунитетот. За да дознаеме повеќе за научното образложение на производот, разговаравме со директорот за квалитет на Форевер- Кристофер Алтамирано, кој може да се пофали со повеќе од осум години искуство во контролата на квалитетот, како и во истражувањето и развојот на додатоците на исхрана. Тој исто така две години специјализираше имунологија, што му дава уште подлабок поглед во создавањето на додатокот на исхраната за добра состојба на цревата и одбранбените механизми.

Што претставува Forever Active Pro-B?

ФОРЕВЕР АКТИВ ПРО-Б е наша патентирана мешавина од шест различни пробиотски соеви со 8 милијарди единици во секоја капсула кои формираат колонии. Капсулата обезбедува корисни бактерии потребни на системот за варење, за поддршка на правилната апсорпција на нутриенти и на имунолошките функции на телото. Знаеме дека имунитетот започнува од цревата. Формулата содржи и цинк кој дополнително ги помага одбранбените механизми и варењето, плус пребиотски влакна кои ги поддржуваат пробиотиците за време на нивното складирање, транспорт и достава до цревата.

Какви проучувања направивте за да дојдете до точната формула?

Соевите во ФОРЕВЕР АКТИВ ПРО-Б се темелно тестирани и одбрани врз основа на нивните корисни својства, клинички студии и нивната способност да функционираат во синергија. Производот вклучува селекција од корисни пробиотски бактерии, позната како FloraActive од Универзитетската болница во Копенхаген – лидер во гастроентерологијата.

Зошто се важни пробиотските додатоци?

И корисните, и другите бактерии се неразделен дел од дигестивниот систем на секој од нас, но понекогаш треба да подадеме рака на добрите микроорганизми, за да го поддржиме здравјето на дигестивниот систем. Кога стресот, лошите навики или прејадувањето го нарушуваат балансот на цревната флора, имаме потреба од малку дополнителна помош од пробиотските бактерии, за да ги потиснеме лошите.

По што се разликува Forever Active Pro-B од другите слични производи?

Специјално формулираната комбинација од соеви на Форевер е сушена преку замрзнување за заштита, ефикасност и стабилност, што ја елиминира потребата од чување во ладилник како многу други пробиотици. Освен тоа ФОРЕВЕР АКТИВ ПРО-Б е во уникатно пакување, кое го сведува на минимум влијанието на влагата, за корисните бактерии внатре да бидат ефективни подолго време, за да може да уживате во придобивките на сите осум милијарди единици кои формираат колонии. Цинкот за кого е научно докажано дека го потпомага имунитетот и метаболизмот, има дополнителни придобивки за здравјето.

Кои се клучните состојки?

Основните состојки се шест специјализирани пробиотски бифидобактерии и лактобацили – бифидобактериум лактис, лактобацилус рамнозус 19070-2, лактобацилус реутери 12246, лактобацилус ацидофилус, бифидобактериум лонгум, бифидобактериум бифидум, плус цинк и пребиотски влакна, наречени фруктоолигосахариди.

Како тие го поддржуваат дигестивното и имуното здравје?

Бидејќи пробиотиците се природни жители на човечкиот организам, тие не се туѓи за нашето тело. Но, специфичните корисни микроорганизми во ФОРЕВЕР АКТИВ ПРО-Б докажано го подобруваат здравјето на цревата и ублажуваат некои од симптомите на гастроинтестиналните заболувања. Пребиотските влакна ја потпомагаат ферментацијата на добрите бактерии и така комбинацијата, збогатена и со цинк, обезбедува идеална средина за поддршка на дигестивното здравје и имунитетот.

Кога треба да користиме Forever Active Pro-B?

Без разлика во кое време од денот земате ФОРЕВЕР АКТИВ ПРО-Б , тој ќе биде безопасен и ефикасен. Препорачаната употреба е да се пие по една капсула дневно со вода околу 30 минути пред оброк.

Споделете со пријатели:

Нагоре