Вашата иднина е во следењето
Дали некогаш сте слушнале: „Зборувам со толку многу луѓе, а никој не купува производи и не доаѓа на средби. Каде грешам?” А можеби и вие си го поставувате тоа прашање.
Воспоставувањето на контакти со нови луѓе е услов кој не може веднаш да придонесе за развојот на вашиот бизнис, освен ако не успеете веднаш да разбудите интерес кај нив за производите или маркетинг планот. Бидете подготвени дека луѓето ретко одговараат на покана за купување или бизнис при првото спомнување на Форевер. Затоа вашиот иден успех со нив ќе зависи од квалитетот на вашето следење или од начинот на кој комуницирате со нив потоа.
Последователното и ефективно следење е една од најважните навики кои треба да ги развиете во вашиот бизнис, што и не е толку тешко за усвојување. Следењето се состои во редовна комуникација со луѓето со цел да се стекне и зацврсти нивната доверба во вас и компанијата до моментот додека тие не бидат подготвени да купат производи или да се вклучат во вашата мрежа. Понекогаш оваа цел се постигнува со неколку разговори, друг пат потребни се години, но сѐ додека контактите се последователни и пријатни за луѓето, шансите за успех се големи.
Следењето може да биде телефонски разговор, мејл, порака на социјалните мрежи или вибер/ватсап, како и лична средба. Без разлика на методот, пораката е иста: вие сакате елегантно да им напомните за себе, производите и бизнис можностите. Ова треба да биде прилагодено на индивидуалните потреби на секој од вашиот список. Ако лицето е клиент, заблагодарете му за направената порачка, проверете дали правилно го користи производот, понудете одговори на евентуални прашања, раскажете за други производи на Форевер кои би биле од интерес за него, прашајте дали има пријатели кои би имале корист од производите, предложете да ја запишете неговата следна порачка.
Следењето на вашите нови соработници вклучува редовни обуки, насочување и признание. Многу е важно како спонзор да ги следите новите партнери за да сте сигурни дека се обучуваат и работат правилно.
Еве неколку примери кои можете да ги користите во различни ситуации на следење:
Јавување на клиент за да предложите да ја запишете неговата нова порачка: „Утре ќе правам порачка за производи и не сакам да те пропуштам, дали сакаш да ги запишам и твоите производи?”
Јавување на потенцијален нов соработник кој сѐ уште не присуствувал на средба: „Би сакал да те запознаам со можноста што ја нуди Форевер, убеден/а сум дека ќе ти се допадне!”
Јавување на човек кој штотуку се приклучил на вашата мрежа: „Честитки и добредојде во семејството на Форевер! Со задоволство ќе те вклучам во обуката за нови сопственици на Форевер бизнис, дали имаш слободно време вечерва или утре повеќе ти одговара?”
Јавување на кандидат кој добил од вас информативни материјали и/или видеа: „Што мислиш за видеото што ти го пуштив?”
Повеќето успешни вмрежувачи одвојуваат време пред да се јават, за да размислат за неколку прашања кои сакаат да ги постават на соговорникот. Најдобри се отворените прашања кои бараат одговор кој содржи повеќе од „да” и „не”. Тие започнуваат со што, кој, колку или кога. Со нив можете да го насочувате разговорот, без да се оддалечувате од темата.
Без оглед на методот што ќе го изберете или кое било прашање ќе го поставите, не заборавајте дека целта на следењето е да влее доверба кај луѓето. Кога ова ќе се случи, ќе можете позитивно да влијаете на животот на сите кои дошле во допир до Форевер со ваша помош!