Дела, а не зборови

Стефан и Тања Стаеви

Пред помалку од месец, за прв пат по повеќе од две години, во Бугарија и Македонија го одржавме во живо најголемиот настан во календарот на Форевер - Денот на успехот.

Неверојатно беше чувството да бидеме повторно заедно, да ги поздравиме во живо сите сопственици на Форевер бизнис кои достигнаа нови нивоа во маркетинг планот или се квалификуваа за некои од нашите дополнителни програми за стимулирање.

Сала 3 на Народниот дворец на културата во Софија беше исполнета со речиси 800 ентузијастички пријатели на Форевер од Бугарија, како и уште 400 кои го доживеаја возбудливиот настан во Скопје, решени да го променат или да продолжат да го менуваат својот живот. Нема да криеме дека бевме многу возбудени, исто како и повеќето од вас.

Но, како што времето минува, ентузијазмот полека згаснува и многумина од вас, правејќи сметка за резултатите од работата во Форевер, се разочарани што всушност не ги заработуваат сумите кои ќе им овозможат да си го променат животот. И многумина се откажуваат, за да ја бараат следната можност на која ќе се посветат. Најверојатно – за кратко. И после пак, и пак, и пак…

Форевер ви ја дава најдобрата можност достапна за секој во индустријата на мрежниот маркетинг да ги остварите вашите мечти, НО ПРИ ЕДЕН УСЛОВ – да сте подготвени да работите напорно и разумно за тоа.

Се согласуваме со сите скептици кои велат дека не секој во овој бизнис заработува големи пари, дека не секој заработува патувања, дека не секој успева да изгради голема и работна мрежа од соработници и многу други интересни аргументи под наслов „не секој“. Да, така е – не секој успева во индустријата на мрежниот маркетинг.

Бидејќи мрежниот маркетинг не е систем за брзо и лесно збогатување. Како и со секој слободен потфат, потребни се труд, дисциплина и трпение. И да, факт е дека не секој е подготвен да вложи труд, не секој сака да биде организиран и дисциплиниран и не секој има трпение за да не се откаже.

Но, има еден факт кој никој не може да го оспори и тој е дека СЕКОЈ може да успее, ако добро го разбере принципот на мултипликација и да вложи труд за да го претвора во дело СЕКОЈ ден, СЕКОЈА седмица, СЕКОЈ месец и така неколку години по ред. За СЕКОЈ што е спремен да го направи потребното за да биде успешен со Форевер, системот на мрежниот маркетинг и маркетинг планот на Форевер даваат можност само за неколку години да го постигнете тоа што многу други не го постигнуваат за цел живот, работејќи за некој друг.

Никогаш не сме биле поубедени во вредноста на производите и можностите кои ги предлага нашата компанија. Луѓето околу нас имаат потреба од надежта и алатките кои им ги нудиме за да го постигнат ТОА ШТО ИМ Е НАЈВАЖНО. Но, ние сме тие кои треба да стапиме во контакт со нив и да им ги претставиме.

Основниот принцип во нашата индустрија е дека ако сакаш да изградиш нешто големо, треба да ги правиш работите така што секој друг да може да ги повтори. Единствениот начин луѓето околу вас да научат систематски и повторливи активности е ЛИЧНО да се трудите секој ден и да ги правите сите потребни работи за да постигнете успех. Индивидуализмот не се копира, затоа придржувајте сѐ максимално кон едноставниот систем на работа препорачан од компанијата:

  • правење список со познати, пријатели, роднини и други луѓе со кои ќе се сретнете;
  • совладување и секојдневно практикување на успешни начини и пристапи за воспоставување на контакти со нови луѓе;
  • покани за средби на кои ќе им раскажете за бизнис можностите предложени од компанијата, како и за придобивките од секојдневната употреба на нашите одлични производи;
  • обука и соработка со новите клиенти и соработници од вашата мрежа.

Овие АКТИВНОСТИ бараат да го посветите потребното време и ресурси. Колку сте повредни и попосветени на тоа што го правите, толку побрзо ќе ги остварите вашите соништа и толку поголеми и посмели можат да бидат тие.

Секој од вас може сам да одлучи што ќе заработи со својот бизнис со Форевер – дали ќе заработи патување, автомобил и дали ќе започне да си го менува животот. Или барем да ги преземе првите потребни чекори за да биде следниот кој ќе биде трпелив, за да успее и да го живее животот од соништата.

Сигурни сме дека секој од вас е способен да го умножи својот бизнис повеќекратно, доволно е да работи здраво и да не се откаже!

И никогаш не заборавајте дека резултатите во вашиот бизнис, и не само таму, ќе дојдат како резултат на АКТИВНОСТИ, а не само од ентузијазам, затоа фокусирајте сѐ на нив ако сакате да постигнете резултати!

Нашиот совет до сите вас, независно на кое ниво во маркетинг планот на компанијата се наоѓате, е следниот: посветете ги следните два месеци на активности поврзани со спонзорирање на нови луѓе. Поставете сѝ за цел да спонзорирате три, пет, а зошто да не и 10 нови соработници во секој од месеците. Работете организирано и дисциплинирано и вашите резултати ќе бидат одлични, ви ветуваме!

Тоа е вашиот живот. Извлечете го максимумот од него, менувајќи го во партнерство со Форевер!

Засекогаш Ваши,

Стефан и Тања Стаеви

Генерални директори на Форевер Бугарија и С. Македонија

Споделете со пријатели:

Нагоре