Зошто е важно да имаме редовни клиенти?
Со цел нашиот бизнис да е одржлив, долгорочен и доходовен, важно е да си создадеме база на крајни клиенти кои ќе нѝ обезбедуваат промет од најмалку 4 б. месечно, како и да ги обучуваме и насочуваме членовите на нашиот тим да го прават истото.
Корисниците на пијалаците од алое се најважни во нашиот бизнис. Тие се показател и за тоа колку е важно да се најдат редовни клиенти кои пијат алое.
Кога почнуваме да градиме база од клиенти, нашите први контакти се со пријатели, роднини, колеги и луѓе кои присуствувале на нашите први бизнис презентации. Нема секој од нив да биде веднаш привлечен од алое пијалаците, но важно е да ги запознаеме со нивните својства и благотворното дејство врз организмот. На заинтересираните треба да им обезбедиме одлична услуга кога ги доставуваме порачаните производи и да воспоставиме добри долгорочни односи со нив. Ако можеме да се спријателиме со клиентите, ќе ни биде полесно да ги поттикнеме да пробаат и други производи, ќе ја стекнеме нивната доверба и тие ќе ги прифатат нашите препораки.
За да создаваме такви пријателства, секогаш кога ќе стапиме во контакт со клиентот треба да му даваме време да зборува и да го охрабриме да ни раскажува за себе и за семејството. Да не заборавиме дека секој наш клиент има свој круг пријатели и роднини на кои исто можеме да ги понудиме производите, а нашиот пристап до нив оди преку него.
Како што расте нашата база на клиенти, мора да си запишуваме информации за секој од нив – не само контакт информации и кои производи ги купил од нас, туку и сѐ што сме разбрале лично за него од нашите разговори. Овие податоци ќе ни помогнат да им покажеме на луѓето дека се интересираме за нив, дека се сеќаваме што ни кажале и така ќе си изградиме трајни добри односи.
Ако се грижиме за нашите клиенти на овој начин, тие за возврат ќе се трудат да нѐ известат ако го сменат телефонот или се преселат на нова адреса, а ќе нѐ препорачаат и на своите блиски и познати.
Знаеме дека асортиманот на Форевер е фантастичен, но за да ги препорачуваме производите треба да се види дека вистински веруваме во нив, дека сме производ на производите. Ако добро ги познаваме, ако знаеме како се чувствуваме кога ги употребуваме, ако знаеме што прават, ќе имаме аргументи да зборуваме со жар за нив пред луѓето и така ќе ја стекнеме нивната доверба и ќе ги привлечеме како клиенти. Дури и да мислиме дека не знаеме да продаваме, дека немаме искуство или потребно знаење, ќе стекнеме вештини да ги продаваме производите без да се чувствуваме незгодно.
Штом ги освоиме новите клиенти, треба одлично да се грижиме за нив, бидејќи нашиот бизнис е на прво место работа со луѓе. Уникатниот квалитет на работата со Форевер е што нѝ дава можност да создаваме одлични пријателства со непознати со кои можеме да разговараме во продавници, ресторани, кафулиња, детски игралишта и насекаде.
Тоа е основата за успех во нашиот бизнис – сѐ повеќе луѓе да ги користат производите, постојано да ги препорачуваат на нови клиенти и да им покажат на соработниците како да го прават истото.