Сертифициран квалитет
Форевер се гордее многу со квалитетот и чистотата на сите свои производи. Ние не располагаме само со најсовремени капацитети за производство и распространување, туку сме и горд носител на неколку официјални сертификати кои се атестат за високиот квалитет на нашите производи и за стриктната контрола низ која тие минуваат. Еве некои од клучните сертификати кои нашите производи ги добиле.
Меѓународен научен совет за алое
Основан во 1981 год., Меѓународниот научен совет за алое (МНСА) е создаден за да ја штити алое индустријата од нелојална конкуренција и нечесни практики. Неговата цел е да гарантира дека во браншата се почитуваат етички принципи на работа и секој производител кој сака да има МНСА статус, треба да се придржува на строгиот етички кодекс на советот.
Компаниите со производи од алое кои одговараат на високите стандарди поставени од МНСА, се сертифицираат и добиваат право да го стават на пакувањето печатот на одобрување на Меѓународниот научен совет за алое. Ригорозната програма за тестирање започна во 1985 год. и уште во 1986 год. МНСА објави дека гелот од алое вера и нектарот од алое и брусница на Форевер се првите производи кои одговараат, па дури и ги надминуваат високите критериуми на Советот.
Меѓународниот научен совет за алое продолжува редовно да извршува стриктни проверки и истражувања на алоето на Форевер и ние сме горди што значителен дел од нашите производи го носат печатот на одобрување на МНСА. Подолу можете да ги видите различните сертификати на МНСА за производите на Форевер:
Сертификати на МНСА - ТетраПак пијалаци
Сертификати на МНСА - алое пијалаци
Без глутен
Глутенот е протеин во пченицата, `ржта и јачменот, кој често се додава на храната, за да помогне да ја зачува својата форма, бидејќи има својства налик на лепак. Нетолеранцијата на пченица и глутен станува сѐ почеста и затоа Форевер има широка гама безглутенски производи. Еве кои се тие:
Декларација за безглутенски производи – додатоци
Декларација за безглутенски производи - козметикa
Вегетаријански/веган производи
Со сѐ поголемата популарност на здравиот начин на живот, сѐ повеќе луѓе избираат вегетаријанска или веганска исхрана. Знаеме дека и за многу сопственици на Форевер бизнис и клиенти на компанијата во целиот свет овој начин на живот е исклучително важен. Затоа сакаме да споделиме со вас дека многу производи на Форевер не содржат никакви животински продукти и се погодни за вегани и вегетаријанци. Разгледајте го списокот ТУКА.
Кошер
Терминот „кошер“ се поврзува со чистота и стриктен надзор. Производството на кошер храна се придржува до строги упатства, утврдени во еврејските закони за исхрана. За еден производ да се смета за кошер, тој треба да помине низ прецизна и контролирана техничка процедура, која ги следи чекорите наведени во Тората. Кошер производите одговараат на многу строги стандарди за чистота и квалитет и затоа Форевер е горд што има асортиман на производи кои го носат Кошер сертификатот.
Скокачко зајче
Форевер Ливинг Продактс силно се спротивставува на секакви тестирања на животни и ние сме се ангажирале во ниту еден дел од нашиот синџир на снабдување да не се вршат такви тестови. Горди сме на фактот што имаме акредитација од организацијата „Скокачко зајче“ – меѓународно признат сертификат за козметика и продукти за лична и домашна хигиена. Го добиваат компании чие производство се проверува внимателно, и гарантира дека производите не се тестираат на животни.
Халал
Од 1982 год. Исламскиот совет за исхрана во Америка (IFANCA) се посветил да им помага на корисниците со информации за халал. Халал е арапски збор кој значи „законски“ или „дозволен“. Исхраната со халал производи е поврзана со придржување кон специфични упатства за муслиманите кои живеат според исламскиот закон и практика. Сертификациониот симбол на IFANCA – буквата М со полумесечина се става на производи кои се „халал“. За да го добијат, производите мора да одговараат на строги барања и да поминат темелни проверки на квалитетот. Халал производите не содржат алкохол и сомнителни состојки од животинско потекло. За Форевер е гордост што многу од нашите производи го носат сертификатот „халал“. Видете кои се ТУКА.