Био сертификати
Постојаната посветеност на Форевер за одговорност за животната средина достигна нови височини со нашето најново достигнување - американски и европски органски сертификати за Алое одгледувано во Доминиканската Република и гелот извлечен од внатрешноста на неговите лисја.
46 години Форевер цврсто и посветено се залага за принципите на одржливост во производството и понудените производи. Био сертификатите се доказ за непоколебливата посветеност на нашата компанија за висококвалитетни состојки и добро земјоделско стопанисување.
Во сржта на нашето био производство на алое во Доминикана е холистичкиот пристап кон земјоделието. Наместо вештачки хемикалии, стадо од речиси три илјади кози нѝ помага со природно плевење и над 2 500 тони природно ѓубриво годишно. Тоа ја елиминира потребата од синтетички хербициди, пестициди и ѓубрива, а и козите ја намалуваат количината на гориво потребно за земјоделските машини.
И американскиот (USDA), и европскиот био сертификат ја нагласуваат важноста од промовирање на еколошката рамнотежа, одржување на квалитетот на почвите, ограничување на употребата на синтетички хемикалии и забрана на генетски модифицирани организми (ГМО) и јонизирачко зрачење. Форевер одамна ги исполнува овие критериуми и гарантира дека алое вера растенијата во Доминиканската република и гелот од внатрешноста на листовите не само што ги исполнуваат строгите стандарди, туку и промовираат одговорност за животната средина.
Покрај одговорното земјоделство, целата вода што се користи за миење и чистење на алоето на Форевер се рециклира назад во полињата за поливање на насадите, за да се зачува скапоцениот ресурс. По извлекувањето на гелот од внатрешноста на зрелите алое листови, нивната кора се враќа назад во почвата, за да се збогати за идните поколенија.
Со овој затворен земјоделски циклус не само што ги намалуваме отпадоците, туку и ја храниме земјата и се грижиме за нејзината виталност во годините што доаѓаат.
Преку иновативни земјоделски практики и длабока почит кон природата, Форевер продолжува да му дава приоритет на еко-пристапот така, како што правиме од самиот почеток. Био сертификатите се во согласност со нашите напори да ја доведеме одржливоста во преден план на нашиот производствен процес.
„Ние сме неверојатно горди што добивме американски и европски био сертификати за алое вера растенијата во Доминиканската република и гелот извлечен од нив –вели Гари Шрив, претседател на „Алое вера – Америка“. – Ова достигнување не само што нагласува колку сме посветени да им ги нудиме најдобрите можни производи на нашите клиенти, туку е и одраз на нашата непоколеблива посветеност да се грижиме за животната средина.”
Други одржливи решенија
Девет последователни години „Алое вера – Америка“ ја добива наградата „Син палец“, која потврдува дека претпријатието ги исполнува сите локални и федерални барања за третман на вода за елиминирање на потенцијални загадувачи.
„Алое вера – Америка“ има сертификати од Меѓународната организација за стандардизација (ISO) за водна и енергетска ефективност, квалитет, заштита на животната средина, безбедност при работа и лабораториска компетентност.
Девет последователни години АВА е добитник и на наградата P2 на Тексашката комисија за еколошки квалитет за своите програми за рециклирање и намалување на отпадот.
Форевер директ ја намали големината на картоните за испорака, се префрли на 85% рециклирана амбалажа и го замени најлонот со хартиена подлога за запечатување.
Форевер го замени пакувањето на пијалаците од алое вера со PET шишиња кои се од 100% пластика што може да се рециклира, а веќе се изработени од над 50% рециклиран материјал.