Неверојатно корисните праски

по материјалите на Форевер Велика Британија

Природата нуди изобилство на здрава и корисна храна. Сите витамини и минерали кои ни се потребни за да се чувствуваме добро, може да се најдат во различни овошја и зеленчуци. А тие не случајно се сезонски – созреваат токму кога имаме најголема потреба од хранливите материи со кои нѐ снабдуваат.

Кои витамини ги содржат праските?

Летото е сезона на праските што значи дека се богати со многу хранливи материи што ни се потребни во топлите денови. Само 100 г праски содржат 11% од препорачаниот дневен внес на витаминот C. Не еднаш споменавме дека витаминот С е одличен за кожата и придонесува за намалување на чувството на замор. Освен вит.С во 100 г праски има и 7% од витаминот А што ни е потребен за денот, 4% ниацин, 5% калиум и широк спектар од други витамини и корисни хранливи материи. Да видиме како точно јадењето на праски може да ни се одрази добро.

Многу од хранливите состојки во праските се корисни за очите. Витамин А, рибофлавин (2%) и цинк (1%) придонесуваат за поддршка на нормалниот вид. Не се обидуваме да кажеме дека ако јадете по една праска дневно, нема да имате потреба од очила, но редовното консумирање на овие витамини и минерали може да помогне во одржување на видот. Со толку многу екрани наоколу кои ги атакуват нашите очи, тоа може само да ни користи.

Сите сме почувствувале страв кога ќе се појави настинка или вирус дома или на работа. Гледаме како колегите или блиските остануваат дома и знаеме дека е само прашање на време бацилот да стигне и до нас. Но дали е така навистина? Кога микроорганизмите кои предизвикуваат болести влегуваат во нашето тело, нашиот имунолошки систем се бори со нив. Затоа ослабениот имунитет значи помалку ефикасна заштита од настинки и вируси. Но, ако преземете чекори за да го зајакнете, можете да се спротивставите на болестите. Праските содржат витамини А, С, В6, фолат и минерали и микроелементи како железо, цинк и бакар во различни количини. Сите тие придонесуваат за нормалното функционирање на имунолошкиот систем. Следниот пат кога околу вас ќе се заврти сезонската настинка, можеби вреди да поминете на пазарот и да го наполните ладилникот со мирисните праски.

За кои други делови на телото се корисни?

Праските содржат витамин B6 кој придонесува за нормалното формирање на црвените крвни зрнца и рибофлавин кој помага за одржување на нивната нормална состојба. Црвените крвни зрнца претставуваат приближно четвртина од клетките во човечкото тело и доставуваат кислород до ткивата. Недостатокот на кислород може да доведе до сериозни здравствени проблеми и затоа работата на црвените крвни зрнца е многу важна. Освен тоа тиаминот во праските придонесува за нормалната работа на срцето, а сите знаеме колку е важно срцето да ни биде во добра состојба. Може да се каже дека тоа е најважниот орган во телото, па сѐ што може да му помогне е добредојдено.

Зошто праските се добри за главата, косата и кожата?

Витамините и минералите во праските не се добри само за вашето тело, туку и за вашиот ум. Витамин С, тиамин, ниацин, витамин В6, фолат и магнезиум се нутриенти кои придонесуваат за нормалната ментална функција. Тие можат да ни помогнат да сме поведри и расположени (но во ниту еден случај не тврдиме дека можат да се борат со долготрајни психички растројства, затоа ако ви е тешко обратете се кај професионалец).

Неколку хранливи материи во праските придонесуваат и за намалување на чувството на замор, ефект што многумина од нас ќе го дочекаат со раширени раце. Пантотенската киселина (2%) поддржува нормална ментална активност, затоа овошјето и зеленчукот кои се богати со овој витамин се одличен избор за децата пред испити.

Праските содржат и 3% бакар кој придонесува за нормалната пигментација на косата и кожата. А ова е дополнение на сите дерматолошки придобивки од витаминот С кои често сме ги спомнувале. 100 г праски содржат само 39 калории, па можете да уживате во сите нивни придобивки без да се грижите за струкот!

Јасно е дека придобивките од праските се многубројни – се грижат за нашата состојба на умот, кожата и телото. Така природата нѝ помага да изгледаме и да се чувствуваме одлично во долгите летни денови. Но, можеби уште поважен е фактот дека праските се неверојатно вкусни! Ако немате време да јадете праски секој ден, зошто да не го пробате нашиот алое пијалак со слатките плодови?
Нектарот од алое вера и праска ви ги обезбедува сите нивни придобивки, зајакнати со многубројните придобивки од алое вера гелот во ароматичен и сладок пијалак. Со овој пијалак можете да уживате во корисните хранливи материи на двете растенија во текот на целата година!

Споделете со пријатели:

Нагоре