Храна од кошница

Форевер

Пчелите се далеку од само досадно зуење, а понекогаш и гости кои боцкаат. Во последните децении стануваме сѐ посвесни за нивната важност и нивното позитивно влијание врз животната средина и исхраната на човекот.

Освен што се во суштинска врска со нашиот еко-систем, пчелите произведуваат и важни хранливи материи со благотворно дејство врз нашето здравје и виталност. Секако, најпознатиот пчелен производ е медот, но вредните инсекти нѐ даруваат и со прополис, полен и матичен млеч.

Течно злато

Медот не е само фантастичен природен засладувач, туку и одлична природна храна со многу корисни својства. Медот е ризница од нутриенти во природна форма– шеќери, влага, минерали, витамини, ензими, протеини и аминокиселини. Сето ова го прави одличен извор на енергија и здраво средство за враќање на виталноста и ублажување на заморот. Лесно се вари, бидејќи јаглехидратите во него се претходно преработени.

Моќна заштита

Прополисот е познат како најдобрата одбрана на кошницата. Пчелите го произведуваат од смоли од дрвја богати со полифеноли. Растенијата ги користат овие смоли за природна заштита и лекување на повредите на нивните ткива. Пчелите ги собираат смолите и ги преработуваат пред да ги користат за зајакнување и дезинфекција на кошниците. Не е ни чудно што луѓето користат прополис стотици години за да ја поддржат природната одбрана и имунолошкиот систем.

Пчелниот прополис на Форевер има природен состав и нема додадени вештачки бои или мириси. Ја нуди целата моќ на пчелниот прополис во таблетите за џвакање кои лесно се обработуваат и апсорбираат од телото.

Одлична суперхрана

Пчелниот полен е една од најкомплетните и најхранливи природни храни. Пчелите собираат полен од растенијата и го носат во нивните кошници. Тој служи за храна на младите инсекти и е основен извор на протеини за пчелите. Со својата активност на собирање и пренесување на цветен полен, неуморните инсекти опрашуваат над 40 000 растителни видови во целиот свет.

Но собирањето полен воопшто не е лесно. Пчелата треба да работи по осум часа дневно цел месец, за да собере една кафена лажичка полен. Секоја гранула полен содржи над два милиони зрнца полен, а во една кафена лажичка има повеќе од две и пол милијарди! Оваа концентрирана и целосно природна храна од кошница дава енергија и може да ја зголеми вашата издржливост.

ПЧЕЛНИОТ ПОЛЕН на Форевер ги содржи витамини C, D, E, K, A, B комплекс, минерали, ензими, коензими, растителни масни киселини, јаглехидрати, протеини и 22 аминокиселини.

Дава енергија и издржливост.

Кралско уживање

Од хипофарингеалните жлезди на главата пчелите доилки лачат супстанца слична на млеко, со која хранат избрана ларва од нејзиното раѓање за да стане пчела мајка, наречена кралица. Единствен фактор кој одредува дали една ларва ќе стане мајка или работничка, е колку често се храни со млеч.

Кралиците на кошниците се хранат единствено со млеч, додека вредната храна им се дава на работничките само неколку дена и потоа преминуваат на мед и полен. Во просек, пчелата работничка живее едвај неколку месеци, а мајката меѓу 3 и 5 години, во кои снесува по 2 000 јајца секој ден – до еден милион во својот живот! Се смета дека млечот го поддржува имунитетот, ја зголемува енергијата и придонесува за здрава кожа и коса.

МАТИЧНИОТ МЛЕЧ на Форевер содржи протеини, минерали, витамини А, Ц, Д, Е и Б комплекс, сите 8 есенцијални амино киселини, плус уште 10 помали. Тој е ослободувач од стрес и ја поттикнува енергијата и метаболизмот.

Собирани во еколошки чисти региони во патентирани колектори, пчелните производи на Форевер се меѓу најквалитетните на пазарот и се сертифицирани како Кошер и Халал.

Споделете со пријатели:

Нагоре