Без стрес, повторно на училиште

Форевер

Деновите до 1-ви септември можат да бидат возбудливи, но и стресни за семејствата. На крајот на летото, време е да се вратиме на училиште. За помалку стресна транзиција, нудиме неколку практични совети за родителите. Се надеваме дека ќе ви помогнат да ги подготвите вашите деца за успешен и непречен почеток на учебната година.

Подготовка и организација

Започнете рано со дневната рутина и распоред за да можат децата постепено да преминат од слободните денови за одмор во организирана дневна рутина.

Направете список со училишниот прибор што ќе им биде потребен и обидете сè да ги набавите на време и да избегнете бес во последен момент. Ако подготвувате повеќе од едно дете за училиште, означете ја целата облека и прибор за да избегнете збунетост и стрес.

Враќање на старата дневна рутина

Постепено придвижете ги времето за спиење и будење до оние од учебната година. Така децата полесно ќе се прилагодат и ќе го намалите утринскиот хаос. За непречен почеток на денот, добро е детето да има јасна утринска рутина. Вклучете четкање со Гелот за заби , шолја Нектар од алое вера и праска или Алое манго и таблетка Форевер кидс за одличен старт на денот.

Одредете време и место за извршување на домашната задача и учење за да изградите навика. Доследноста им помага на децата да се концентрираат и да бидат попродуктивни.

Здрави навики

Планирајте избалансирани оброци за да ги одржите децата енергични во текот на денот. Не е лесно да ги натерате да внимаваат што ставаат во уста, но со планирање и обезбедување на здравите работи што ги сакаат, поголема е веројатноста да успееме.

Спиењето и движењето се исто така многу важни за способноста за учење и развој на децата. Затоа е важен веќе споменатиот режим - легнувањето и станувањето во исто време добро ќе влијае на нивниот сон. Охрабрете ги да се движат редовно во текот на денот за да ги задржите активни и фокусирани.

Емоционална поддршка

Отворено комуницирајте со децата, разговарајте за тоа како се чувствуваат и какви се нивните очекувања за новата учебна година. Ова ќе им помогне да се чувствуваат слушнати и поддржани. Охрабрете ги, зајакнете го позитивниот став и градете доверба. Позитивниот став може да направи голема разлика во тоа како тие го перцепираат училиштето.

Обидете сè да ја контролирате анксиозноста и стресот што може да ги мачи децата пред почетокот на учебната година. Запомнете дека децата како сунѓери ја апсорбираат средината во која растат и однесувањето на нивните родители. Ако сте вознемирени и нервозни, не можете да очекувате дека вашето дете ќе биде смирено. Едноставните техники за релаксација можат да бидат доста ефективни.

Поставување цели и очекувања

Помогнете им на децата да постават реални цели за учење и да направат план како да ги постигнат. Ова ќе ги мотивира и ќе им помогне да останат фокусирани. Дискутирајте и поставете јасни очекувања за однесување и дома и на училиште.

Контрола врз технологијата

Ограничете го времето поминато на телефони, таблети и компјутери со примена на правилата за користење на уредот во текот на неделата за да не ги попречуваат домашните задачи и спиењето. Рамнотежата е клучна за ефективна контрола. Следете што прават вашите деца на интернет и обидете се да ги заштитите на интернет. Побарајте соодветни апликации за родителска контрола и на содржината до која може да пристапат и на времето што го поминуваат пред уредите.

Вклучете сè активно во училиштето

Запознајте ги наставниците. Имајте на ум дека преку очите на детето ќе добијат претстава за вашето семејство и ќе знаат како се однесува кога е само, без вас. Тоа значи дека од наставниците можете да добиете многу корисни информации за него - дали има некакви потешкотии во учењето или комуникацијата. Наставниците се ваши сојузници и треба редовно да разговарате со нив.

Следете ја училишната комуникација и вклучете сè во различни активности. Ако сте информирани и вклучени, можете подобро да го поддржите вашето дете.

Активности надвор од училиштето

Поттикнете го учеството во воннаставните активности за да развиете различни вештини, но избалансирајте го со обемот на работа во училиштето. Поддржете го детето да истражува нови интереси и хоби и научете го да управува со своето време. На овој начин, тоа ќе може да ги комбинира неговите активности надвор од училиштето со неговите училишни обврски. Ефективното управување со времето го намалува стресот и ја подобрува продуктивноста.

Комуникација и пријателства

Поттикнете ја комуникацијата со другите деца и помогнете во одржување на постојните пријателства и создавање на нови. Добрата комуникација со врсниците е исклучително важна за емоционалната состојба на децата. Исто така, научете ги малите техники за решавање конфликти за да им помогнете да се справат со комуникациските предизвици.

Споделете со пријатели:

Нагоре