Повторно на училиште – храна за здрави деца

Форевер

За родителите, бабите и дедовците, септември е месец за планирање и подготовка на децата за училиште. Учебници, тетратки, моливи, пенкала, ранци, компјутери, гардероба и што ли уште не… Секако овие работи се важни, но да не заборавиме дека здравјето е пред сѐ!

За време на распустот повеќе контролираме како се хранат децата – сами приготвуваме голем дел од храната, а и летото е богато со сезонско овошје и зеленчук. Но по првиот училишен ден работите ни бегаат од контрола и доаѓа време за брзи ужинки од тесто и претерување со слатки десерти, безалкохолни пијалаци и други нездрави навики. Секој родител сака детето да јаде балансирана храна која ќе му даде енергија и нема да му штети. Ако се однесувате внимателно кон тоа што го приготвувате за децата и за себе, придобивките ќе бидат долгорочни, бидејќи ризикот од појава на различни проблеми ќе биде помал и ќе им го зајакнете имунитетот и целокупното здравје.

Видете која храна е добро да биде почесто застапена во вашата кујна, за да го одржувате балансот во организмот на децата, а и на целото семејство.

Студеноводни риби

Пастрмката, туната и лососот се извори на омега-3 масни киселини, за кои е докажано дека придонесуваат за поддршка на нормалната функција на мозокот, видот и срцето. Рибата содржи и протеини, магнезиум, калциум и важни витамини од В комплексот. Ако вашето дете не сака риба или рибата не е доволно често на вашата трпеза, надополнете ги потребите на организмот со помош на Forever Arctic Sea. Меките капсули содржат висококвалитетни омега-3 и омега-9 масни киселини во оптимален сооднос.

Брусница

Брусниците се супер храна. Антиоксидантите во нив го намалуваат бројот на слободните радикали во телото и така го зајакнуваат имунитетот. Нивниот супериорен вкус е комбиниран со фолна киселина, влакна и витамини С и Е. Удобен извор на здравствените придобивки од нив е вкусниот Aloe Berry Nectar кој децата со задоволство го пијат.

Јогурт

Тој е не само добар извор на протеини и калциум, туку содржи и живи пробиотски култури, кои го помагаат варењето и одбранбените механизми на организмот. Децата претпочитаат млечни десерти со вештачки засладувачи, згуснувачи, бои и шеќер, но тие носат повеќе негативности за здравјето, отколку придобивки. Обидете се да им обезбедите обичен јогурт и засладете го со шумски плодови, сок од агава или Forever Bee Honey.

А за одличен баланс на цревната флора и силен имунитет ви предлагаме да вклучите во нивниот режим и Forever Active Pro-B, кој придонесува за здравјето на дигестивниот систем и ја подобрува апсорпцијата на корисни материи. Производот содржи шест пробиотски соеви со синергично дејство плус цинк.

Овесни и `ржени јатки

Полнозрнестата храна е богата со влакна, минерали, протеини и антиоксидантни фитонутриенти. Има способност да придонесува за нормалната функција на цревата. Ако ја вклучувате во појадокот на детето, таа ќе го засити и тоа нема да огладне до ручекот. Во исто време, житарките се нискокалорични и не го преоптоваруваат организмот. Богатата содржина на магнезиум во нив е важна за здравјето, бидејќи минералот учествува во многу ензимски и други процеси во телото, придонесува за намалување на чувството на замор, за одржување на нормална психичка функција, за одржување на коските и забите. За да додадете уште малку магнезиум, можете да сметате и на детските мултивитамини Forever Kids, чиј богат состав сеопфатно го поткрепува детскиот организам.

Ореви

Вкусните јатки се непроценлив извор на висококвалитетни протеини и баластни материи. Содржат витамини А, С, Е, Р и група В, минерали – магнезиум, јод, бакар, калциум, манган, фосфор, цинк, железо, аминокиселината триптофан и антиоксидантот елагична киселина. Иако се калорични, консумацијата на 50 г дневно го снабдува организмот со доволно корисни состојки. Не е случајно што обликот на јатката многу наликува на човечкиот мозок. Тие се еден од богатите растителни извори на веќе споменатите омега-3 масни киселини кои ја поддржуваат мозочната функција и му даваат енергија на организмот. Натрошете неколку ореви во житарките за појадок на децата и бидете сигурни дека ќе бидат во добра форма преку денот.

Спанаќ

Зелените листови се добар извор на витаминот К, кој го задржува калциумот во коскената матрица и води до нејзина минерализација. Покрај виталниот минерал за мускулно – скелетниот систем, во спанаќот има и железо и други корисни елементи – калиум, манган, бакар, магнезиум, цинк и фосфор. Исто така има лутеин и зеаксантин, за кои се тврди дека го поддржуваат здравјето на очите. Понудете му спанаќ на семејството во неограничени количини и во било која форма – суров во салата или приготвен на вашиот омилен начин. Речиси нема калории, но од друга страна е богат со антиоксиданси, хлорофил, витамини и многу протеини, што го прави бесценет за вегетаријанците.

Домати

Додадете ги во салатата од спанаќ не само за да добиете одлична боја, туку и како дополнителна ризница на корисни состојки. Има толку различни начини да се приготват што е невозможно да отсуствуваат од вашето мени. Една од најкорисните состојки на доматите е ликопенот. Тој е моќен антиоксидант со многу посилно дејство од тоа на витаминот С. Особено се препорачува за татковците, бидејќи се смета дека го намалува ризикот од рак на простатата, но исто така го зајакнува имунитетот на сите.

Слатки компири

Бататите можат да се печат без лупење или да се исечат и печат како обичен компир. Каротеноиди, сложени јаглехидрати, фибри, калиум, витамини А, С и В се само дел од корисните хранливи состојки на овој зеленчук. Бататите имаат понизок гликемиски индекс од обичните компири и се корисни за дијабетичарите. На родителите ќе им се допадне што имаат способност да го забават процесот на стареење, благодарение на високата содржина на моќниот антиоксидант - витаминот А.

Овошје

Јаболки, круши, сливи… Есента ни нуди богата разновидност од свежо овошје. Во зимата преовладуваат цитрусите – портокали, мандарини, лимони, грејпфрути и др. Сите се добри извори на витамини, минерали и влакна. Знаеме за моќта на цитрусите во борбата со настинките, благодарение на витаминот С. Според студиите, луѓето кои консумираат цитруси во текот на денот, внесуваат помалку храна поради високата содржина на баластни материи – предност за оние што сакаат да ослабат. Јаболките содржат пектин кој ја подобрува функцијата на дебелото црево и го зголемува чувството на ситост. Ставете една или две во училишната чанта на детето – нивната сладост ќе ги замени вафлите.

Алое вера

Лесно е да се каже дека е добро децата да јадат овошје и зеленчук и да избегнуваат храна со хемиски додатоци, но реалноста е дека тие претпочитаат чипс и сладолед. Брзиот раст и малите порции што ги јадат, можат да го отежнат добивањето на сите потребни хранливи материи, појава на дефицити и дисбаланс. За враќање на рамнотежата може да помогнат пијалаците од АЛОЕ ВЕРА на Форевер. Дневната доза Aloe Vera Gel, Aloe Berry Nectar, Aloe Bits N`Peaches или Aloe Mango ќе им даде виталност на децата а вие ќе бидете спокојни дека ќе го добијат потребното, без оглед дали храната им е комплетна секој ден.

Комплексна поддршка

А за да сте навистина спокојни дека децата секој ден ги добиваат придобивките од разновидно овошје и зеленчук, додадете и Forever Kids. Тие обезбедуваат богата гама од витамини, минерали, ензими и фитокомпоненти од најдобрите природни извори. Фитонутриентите се исклучително корисни состојки од растително потекло, извлечени од јаболки, цвекло, црвени пиперки, домати, јагоди, брусница, боровинки, ацерола, спанаќ, зелка, кромид, брокули, кељ, мангостан, тиква, асаи, гоџи бери, моркови, грозје и калинка. Forever Kids не содржат вештачки бои и конзерванси. Таблетите се вкусни и се џвакаат – за децата се уживање кое со нетрпение го очекуваат.

Како што гледате, не е толку тешко да ги храните децата така што тие да се здрави и витални. Дополнителниот напор да пазарувате и зготвите „вистинска” храна дефинитивно вреди. Следниот пат кога ќе одите на пазар, направете си список и наполнете ги ладилникот и шкафовите со препорачаната храна, за да ја користите во секој можен случај, а и секогаш имајте ги секојдневните производи на Форевер.

Нека новата учебна година на вашите деца биде успешна и здрава!


Опишаните производи за внатрешна употреба се додатоци на исхрана. Тие не се замена за балансирана исхрана и не се наменети за превенција, дијагностицирање, смирување или лекување на конкретна болест или класа од заболувања. Консултирајте сѐ со матичниот лекар, ако страдате од некакво заболување.

Споделете со пријатели:

Нагоре