Зошто го сакаме Forever Aloe Vera Gel
Многу сме среќни и горди што нашиот Forever Aloe Vera Gel неодамна доби две престижни награди – ЗЛАТО во категоријата „Функционална храна и пијалаци“ од наградите Nourish 2023 и СРЕБРО за најдобар алое вера производ од 2023 Global Green Beauty Awards.
Наградите Nourish Nourish се познати во индустријата по едни од најстрогите критериуми и темелно оценување. Тие бараат производи со чиста содржина, изразена хранливост, со минимално или никакво количество додадена шеќер и без вештачки состојки. Златната награда за нашиот омилен ГЕЛ ОД АЛОЕ ВЕРА во категоријата „Функционална храна и пијалаци“ е навистина импресивно и авторитетно признание за Форевер.
Глобалните награди ЕКО УБАВИНА или Global Green Beauty Awards се доделуваат на најдобрите и најчистите брендови за убавина. Со своите над 650 кандидати, овогодинешното издание стана најголемото козметичко натпреварување за 2023 година. Тие се фокусираат и на одржливи состојки и минимално влијание на околната средина – две работи со кои Форевер се гордее при производството на својот ГЕЛ ОД АЛОЕ ВЕРА.
Нашата компанија е посветена да ги бара најдобрите природни извори на здравје и убавина и да ги сподели со вас, а Forever Aloe Vera Gel долги години е меѓу најомилените производи.
Основни предности на производот
- Содржи 99,7% гел од внатрешноста на листовите на алое вера
- Го поддржува дигестивниот систем и варењето
- Му обезбедува на телото витамин C кој придонесува за нормалната функција на имуниот систем
- Одличен е за кожата
- Придонесува за нормално одвивање на метаболизмот и производството на енергија
Зошто Forever Aloe Vera Gel добива награди
- Форевер е најголемиот светски производител и преработувач на алое вера и производи од него. Во просек произведуваме над 27 илјади тони алое вера годишно.
- Имаме целосно затворен производствен циклус и го контролираме целиот процес – од моментот кога ќе го засадиме алоето додека не заврши во вашите раце како готов производ за здравје и убавина. Ние ги поседуваме полињата со алое, производствените капацитети, одделот за истражување и развој, лабораториите за контрола на квалитет и каналите за дистрибуција.
- Водата што ја користиме за миење на алое листовите целосно се рециклира и се употребува за наводнување на насадите преку системот капка по капка, што драстично ги намалува расходите за вода.
- Наместо да фрламе околу 30 000 килограми кора од излупените листови, ние ги мелеме и ги враќаме во почвата за природно ѓубрење. Не користиме никакви вештачки ѓубрива при одгледувањето на нашите алое растенија.
- Во нашите насади со алое нема место за пестициди и хербициди, бидејќи за нив се грижат близу 3 000 кози, кои цела година го пасат плевелот и истовремено обезбедуваат природно ѓубрење.
- Полињата на Форевер се дом на над 40 милиони растенија алое вера, кои ја пречистуваат атмосферата од илјадници тони јаглероден диоксид секоја година.
Многу се гордееме со наградите Nourish и Global Green Beauty за ГЕЛОТ ОД АЛОЕ ВЕРА., но не запираме тука, бидејќи знаеме дека секогаш има место за усовршување.