Алое вера во фокусот

По материјали од Форевер Велика Британија

Гелот од внатрешноста на листовите на растението АЛОЕ ВЕРА (Aloe Barbadensis Miller) е корисен за луѓе и животни кога се зема како пијалак и кога се нанесува надворешно. Еве како алоето може да ви го подобри начинот на живот.

Благотворно од внатре кон надвор

Можете да се грижите за вашата кожа и одвнатре кон надвор со нашиот испитан и проверен FOREVER ALOE VERA GEL. Алоето ја поткрепува кожата, косата, ноктите и бидејќи нашиот пијалак содржи 96.2% чист гел од внатрешноста на листовите, неговите својства за чистење имаат моќ да ви го дадат тој сјај на алоето.

Нашиот FOREVER ALOE VERA GEL е најдобриот начин за целосно уживање во придобивките од растението. Нашите насади се одгледуваат на плодни почви во клима со над 2 000 часа сонце годишно. Пијалаците на Форевер се сертифицирани од Меѓународниот научен совет за алое за нивната чистота и квалитет. Нашиот гел за пиење е што е можно поблиску до корисната ризница во листовите на растението. Може да се пофали со 96.2% алое гел внимателно извлечен на рака, за да ја почувствувате вистинската моќ на природата. Како што веќе спомнавме, алоето е одлично за кожата, но исто така и за имунитетот, тоа е одличен помошник за добро варење, а и нашите пијалаци содржат и витамин С. Меѓу многуте корисни својства на овој есенцијален витамин е тоа што придонесува за нормалната функција на имунолошкиот систем и за нормален тек на метаболизмот и производството на енергија.

Нашите алое гелови за пиење се достапни во неколку варијанти – од слатката киселост на FOREVER ALOE BERRY NECTAR и сочната зрелост на FOREVER ALOE BITS N`PEACHES до тропската арома на FOREVER ALOE MANGO и освежителниот вкус на портокал на FOREVER FREEDOM, кој исто така содржи и глукозамин, хондроитин и МСМ.

Со векови алоето е ценето поради неговата способност да ја негува кожата со неговите нежни, но моќни својства да ја навлажнува по природен пат. Дали знаете дека според едно глобално истражување од 2017 г. најбараното дејство на козметиката кај потрошувачите е хидратацијата? Затоа Форевер одлучи да ја искористи моќта на алоето и ја комбинира со научно докажани состојки за да создаде неспоредливи производи за нега за кожата и лична хигиена.

Ја смирува иритацијата

Растението алое вера било нарекувано со разни имиња низ годините. Можеби сте слушнале да го нарекуваат „лек за изгореници“, „растение-чудо“ или „билка за прва помош“ поради неговите смирувачки својства, а и фактот што се користи во традиционалната медицина илјадници години. Форевер го долови најдоброто од алоето во FOREVER ALOE VERA GELLY за локална употреба, кој во суштина е идентичен со гелот во внатрешноста на листовите на растението. Желето доставува 84% чисто алое на кожата и е погоден за навлажнување и смирување на лесни изгореници и кожни иритации, без да остава траги н а облеката. Во секое домаќинство и во секоја аптека за прва помош треба да има тубичка FOREVER ALOE VERA GELLY!

Ја балансира кожата

Кожата е многу чувствителен орган и нејзината површина е защитена од фин и малку кисел филм. Ова е познато како кисела обвивка и претставува бариера која ја штити кожата од бактерии и вируси. Иако обвивката природно варира, понекогаш може да стане премногу чувствителна и да ја изгуби рамнотежата. Ова може да се должи на груби средства за чистење или влијанието на околната средина.

Веќе знаеме дека алоето е неверојатна козметичка состојка и една од причините за тоа е дека неговото рН е околу 5,5 – исто како на здравата кожа. Алоето им помага и на другите состојки во производите да се апсорбираат во кожата. Овие природни својства на алоето, заедно со корисните хранливи материи за кожата, беа инспирација за создавањето на козметичката серија SONYA DAILY SKINCARE. Тaa ја балансира комбинираната кожа, која понекогаш е сува, друг пат е мрсна, а се случува да биде и двете истовремено. Затоа ја нарекуваме „комбинирана“, а исто и „нормална“. Четирите производи во колекцијата „Соња“ се создадени специјално за неа и взаемно се дополнуваат за да ја балансираат. Серијата е добра за луѓе од 12 до 45-годишна возраст кои бараат козметика која не ја лишува кожата од нејзините природни масла. Прогресивниот комплет користи модерна технологија за гел-капсулирање, за да комбинира состојки кои инаку би се одделиле една од друга. Специјалниот метод ги држи здраво заедно додека не стигнат до кожата. Откако ќе дојдат на нејзината површина, тие се растопуваат во кожата како путер и секоја оди таму каде е најпотребна. Колекцијата вклучува REFRESHING GEL CLEANSER кој го измива лицето со богати антиоксиданти, без да го суши, ILLUMINATING GEL кој придонесува за вашиот природен сјај, ја освежува кожата и ги затега порите, REFINING GEL MASK која длабоко ја навлажнува и балансира кожата додека спиете, и SOOTHING GEL MOISTURIZER сo хидролизиран колаген за повеќе еластичност и свежина.

Сега знаете како алоето може да ви биде корисно и не е тешко да видите зошто толку многу луѓе го обожаваат. Испробајте го и вие! ПИЈАЛАЦИТЕ ОД АЛОЕ, Sonya Daily Skincare и Forever Aloe Vera Gelly го предлагаат најдоброто од присутните својства на растението. Ви гарантираме дека ќе бидете импресионирани!

Споделете со пријатели:

Нагоре