Сите ОРЛИ имаат визија

Gregg Maughan CEO Forever Living Products International

Настаните со сопствениците на Форевер бизнис секогаш ме исполнуваат со единственото чувство за надеж, воодушевување и мотивација. Но, на овогодишната средба на ОРЛИТЕ во Патаја бев импресиониран од моќта на вербата и од споделувањето на искуства.

Говорниците на сцената ме фасцинираа со тоа што открија како и покрај многубројните тешкотии со кои секој од вас се соочува, вашата верба во Форевер останува иста и непоколеблива. Имавме можност да слушнеме вредни идеи од извонредни поединци – одличен потсетник дека мудроста не е привилегија на возраста, образованието или професијата. Ја наоѓаме во историите, доживувањата и советите на луѓе од сите средини.

Можеби мнозина не знаат многу за малата, скромна држава Буркина Фасо и дека просечниот доход таму е едвај 75 долари на месец. Нашиот пријател од африканската држава, Исиака Уаого ни го откри своето ЗОШТО. Ни раскажа како издржал и покрај неповолните околности, не само да го започне својот Форевер бизнис, туку и да го добие статусот ОРЕЛ и да изгради тим од ОРЛИ кои исто ги надминуваат пречките и си ги менуваат судбините. Исиака и неговата група донесуваат свесна одлука да направат Форевер да проработи за нив и да си ги постигнат целите. Важно е да запомниме дека Исиака не е единствен што ги застапува овие вредности. Тој ме потсети дека сите ОРЛИ имаат визија и длабоко разбирање за своето ЗОШТО. Тие ја откриле предноста на програмата ОРЕЛ и ја гледаат како отскочна даска за раст и моментум.

Но, како што сите знаете, само визијата не е доволна. Таа треба да е придружена со вистинска напорна работа. Спринтот не води до одлични резултати во претприемништвото, туку маратонот. Марина Карнат од Молдавија е идеален пример за тоа, бидејќи успева да го балансира ангажманот меѓу сопруга и мајка на девет деца со последователна работа со Форевер. Таа избрала уникатен пат за градење на својот бизнис – како што сама го формулираше од сцената: „Никој друг не работи како тебе!“

Ако усвоите таков став, зошто да бидете како останатите и да тврдите дека немате време и можност? Правете го она што умеете, и правете го на свој начин! Вашата посветеност, трудољубивост и напорна работа ќе ве издвојат.

Ова нѐ води до принципот дека никогаш не треба да се откажеме. Посветеноста е најстабилната основа во вашето патешествие. Неизбежно е на патот да наидете на пречки, сопки и моменти на неизвесност. Но, токму во тие моменти вашиот дух и решителност ќе ја одредат вашата насока. Издржливоста пред искушенијата е белег на вистински лидер. Признавам дека ми се насолзија очите додека го слушав Мате Буидош од Унгарија како ја раскажува својата историја, но ја почувствував неговата сила и одлучност и знаев дека неговиот став да не се предава му помогнал да ги надмине проблемите и да се фокусира на решенијата.

Размислувајќи за енергијата, заразниот ентузијазам и уроците кои ги научивме од средбата на ОРЛИТЕ во Тајланд, длабоко сум импресиониран од многукратно повторената порака за верба – во самите вас, во вашите стремежи и во вашиот успех. Точно таа верба е суштината на Форевер можноста, таа е камен-темелник на секоја бизнис победа. Открив дека мојот стремеж кон мудрост се трансформирал во доживотен ангажман да учам, разбирам и ги прифаќам длабоките уроци кои секој од вас ги споделува. Сфаќам дека вистинската убавина на мудроста е во процесот на нејзиното стекнување, како и во взаемните односи со луѓето кои великодушно го споделуваат своето знаење и искуство. Вие го зајакнавте неверојатниот потенцијал кој се крие во нашето Форевер семејство.

Како што наближува крајот на уште една година, запомнете ги клучните принципи кои ве доведоа до тука – непоколебливата визија, непоколебливата верба во производите и бизнисот, непопустливата работна етика и неуморниот напор никогаш да не се откажете. Оваа посветеност го исцртува вашиот пат и ќе продолжи да биде движечка сила за вашите идни достигнувања.

Не се сомневам дека ќе се издигнете до уште поголеми висини идната година. Секој од вас има потенцијал да ги реализира своите цели и да ги инспирира другите да го следат. Нека вашиот успех го мотивира вашиот тим и сите аспиранти за она што им е најважно.

Бидете истрајни,

Gregg Maughan

CEO, Forever Living Products International


Резултатите се индивидуални. Форевер не гарантира доходи, награди или успеси. Вашите постигнувања зависат од вашиот труд, посветеност, вештини и лидерски способности и колку успешно ги применувате. Ве молиме да ја погледнете годишната изјава за доходите на Форевер за повеќе информации.

Споделете со пријатели:

Нагоре