Мотивацијата ви е во вашето ЗОШТО

Стефан и Тања Стаеви

Дали сте размислувале што ве мотивира да можете секој ден да го правите она што е потребно за да одите напред и да се справите со предизвиците на нашиот бизнис?

За многумина од нас, мотивацијата е чувството кое буди желба и чувство дека треба да сме исклучителни и да направиме сѐ што е потребно за да може тоа да се случи. Но, како што веројатно веќе сте откриле, мотивацијата не е ниту вечна, ниту постојана. Таа е нешто што човек треба постојано да го разгорува, одново да го открива секој ден, нешто што доаѓа одвнатре и обично многу ве инспирира.

За жал, светот околу нас често нѝ го одвлекува вниманието, нѝ го префрла фокусот и нѝ ја загушува желбата да продолжиме со брзи чекори напред и тоа е сосема нормално. Треба само да најдеме начин секој ден повторно да ја откриваме нашата мотивација. Секој ден повторно да се потсетиме: „Зошто го започнав својот бизнис со Форевер? За што мечтаам? Што сакам да постигнам?“

Кога пред повеќе од 20 години ние го започнавме сопствениот бизнис со Форевер, најмногу сакавме да имаме повеќе слободно време за семејството, како и доходи кои ќе нѝ го обезбедат посакуваниот стил на живот. Многу ги сакавме овие работи и бевме подготвени да направиме сѐ што е потребно за да ги постигнеме. Неколку години подоцна веќе ги имавме постигнато целите да сме финансиски независни и да ги уживаме сите придобивки од тоа. Во никој случај не сакаме да кажеме дека патот до таму беше лесен, но ние многу добро знаевме што сакаме и што треба да направиме за да го постигнеме. Тоа нѝ даде храброст и мотивација да не се откажеме, како и дисциплина да работиме секојдневно, без да пропуштиме ниту едно дејство, потребно за успехот.

А што сакате вие? Нов дом? Поголем или во подобра населба? Нова кола? Да патувате низ светот? Или да имате доходи кои ви дозволуваат да дарувате средства на различни хуманитарни организации? Да поминувате повеќе време со семејството? Која и да е вашата желба, дефинирајте ја јасно, напишете ја!

Исто така запишете и што точно треба да постигнете со Форевер, за да го остварите. Можеби да станете Менаџер во рамките на следните пет-шест месеци? Менаџер ОРЕЛ? Да добивате лидерски бонуси и бонус „Скапоцени камења“? Или да учествувате во програмите за стимулирање?

Дефинирајте јасно и за што мечтаете! Да им помагате на другите? Или пак нешто друго? Формулирајте го своето ЗОШТО!

Токму тоа ќе ви помага во моментите кога сте обесхрабрени или разочарани, ќе ви помогне да ги надминете сите препреки на вашиот пат. Со него многу добро ќе знаете за што сте подготвени да станувате порано и да си легнувате покасно. Никогаш нема да ги изгубите од вид вашите соништа и ќе сфатите дека следните неколку години вреди да вложите труд за нивното остварување, бидејќи потоа ќе ги уживате цел живот.

Одвојте по малку време секој ден за да си припомните што ви е најважно. Малку време, во кое ќе се одвоите од она што ве расејува и демотивира, да си припомните што ве движи напред и да се исполните со желба да делувате и да се движите напред.

Не дозволувајте метежот на светот да ви го управува животот и вашите постапки! Оставете ги вашите соништа да го прават тоа!

Засекогаш Ваши,

Стефан и Тања Стаеви

Генерални директори на Форевер Бугарија и С. Македонија

Споделете со пријатели:

Нагоре