Вие градите на принципите на Форевер

Грег Мон, Претседател на Форевер Ливинг Продактс

Со срце полно со вистинска благодарност кон сите вас и кон вашиот придонес во семејството на Форевер, сакам да ви кажам: „Ви благодарам!“

Го сакам ова време од годината. Температурите паѓаат, што верувајте е добредојдено за жителите на Аризона! Кај нас на Северната хемисфера, лисјата пожолтуваат и зимата наближува. Во САД овие месеци се прекрасни и често ги нарекуваме „сезона на празници“ или едноставно „празниците“, бидејќи тука го славиме Денот на благодарноста, а потоа и Божиќ.

Сите знаеме за Божиќ и од каде потекнува, но додека Денот на благодарноста е многу почитуван празник во Северна Америка, во светот тој е помалку познат. Моментот кога семејствата и пријателите се собираат во дух на благодарност и почитување ми е омилен.

Денот на благодарноста постои од ХV век и се тврди дека неговата современа варијанта произлегла од празнувањето во чест на собраната реколта што ги обединило англиските доселеници и индијанците Вампаноаг. И покрај нивните јазични, религиозни и културни разлики, тие одлучуваат дека во заеднички интерес им е да работат заедно во суровите услови, наместо едни против други. Оваа соработка на крајот дури е запечатена со официјален договор и се слави секоја година, што стана основа за нашите денешни прослави на Денот на благодарноста. Празникот е и една од причините толку да ја сакам оваа сезона — сега е времето кога се потсетуваме да ја славиме моќта на благодарноста и соработката.

И така, во духот на нашите предци овде и со срце исполнето со вистинска благодарност за сите вас и за вашиот придонес во семејството на Форевер, сакам да ви кажам: „Благодарам!“

Ви благодарам за сѐ што направивте во изминатата тешка година, која ќе беше уште потешка без вас. Без оглед дали сте тука во централната канцеларија или во канцелариите и претпријатијата ширум светот, дали сте член на Глобалниот лидерски тим, Менаџер ОРЕЛ, или сте еден од милионите посветени сопственици на Форевер бизнис, јас сум бескрајно благодарен да работам рамо до рамо со вас и заедно да го движиме Форевер напред кон следната фаза на раст.

Кога си мислам за нашето Форевер семејство, се сеќавам за единаесетте вредности на компанијата и како секој од вас ги демонстрира во својата работа. Да си ги припомниме: ставајте ги луѓето на прво место, работете со страст (љубов), бидете претприемчиви, бидете агилни, бидете креативни, секогаш барајте авантура, бидете смели, бидете позитивни (насмевнувајте се), бидете засекогаш благодарни, имајте интегритет дури и кога никој не ве гледа и не барајте кратки патишта.

Овие квалитети се со нас речиси 45 години. Тие се темелот врз кој е изградена компанијата, имаат директно влијание врз одлуките кои ги носиме и се во срцето на сѐ кон што се стремиме.

Ова се моќни вредности кои го дефинираат правецот на нашата компанија. Но, дали тие можат да ве водат и во животот?

Зошто да не одвоите малку време да ја разгледате листата и да размислите кое од овие нешта резонира со вас и како може да имате максимална корист од тој атрибут? Можеби има некоја конкретна вредност на која сакате да се фокусирате и да направите мали внатрешни корекции со чија помош ќе станете малку посмели, посамоуверени, посреќни или поуспешни? Оставам на вас да одлучите на што сакате да работите.

Сѐ уште останува многу време од 2022-ра за силен финиш. Не се откажувајте пред време! Продолжете да работите напорно за да ја направите 2022 година успешна за вас и вашиот Форевер бизнис.

Пријателството и соработката на нашите предци пред толку многу години ме инспирираат. Тие ги оставиле настрана разликите, предрасудите и стравовите, за да си изградат успешна заедница и на свој начин одлучиле да се фокусираат на ТОА ШТО Е НАЈВАЖНО.

Уверен сум дека со вашата посветеност кон тоа што ви е најважно, можете да продолжите да ги надградувате принципите на Форевер.

А, и уште нешто пред да завршам: ви благодарам!

Бидете истрајни,

Грег Мон

Претседател на Форевер Ливинг Продактс

Споделете со пријатели:

Нагоре